ОД СЕПТЕМВРИ САМО ЕЛЕКТРОНСКИ: Наставниците веќе нема да користат печатен дневник за оценки и отсуства
Објавено во: Македонија 04 Август, 2021
Оценките на учениците повеќе нема да мора да се впишуваат во два дневника, односно и во печатен како што беше пракса досега.
Од следната учебна година, просветните работници „ќе се спасат“ од војната работа да впишуваат се во двоен дневник , и електронски и печатен.
Ова е потврдено од Бирото за развој на образованието (БРО), а медиумите пренесуваат дека ова им се излегува во пресрет на нивните долгогодишни реакции .
Ова ќе важи и за средни и за основни училишта.