26 Април, 2024
0.0300

Од што онеме ревизорот во „Технометал Вардар“

Објавено во: Економија 12 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Ревизорите, меѓу другото, обрнуваат внимание дека тековните обврски значително ги надминуваат тековните средства поради што „Технометал Вардар“ се соочува со значајни ликвидносни проблеми!

 Независните ревизори кои ги анализираа финансиските резултати на „Технометал Вардар“ за лани, се воздржуваат и не дадоа мислење за тоа како финансиските извештаи го одразуваат работењето на компанија.

Во објаснувањето на ревизорите пишува дека тие се воздржуваат од давање мислење заради тоа што не биле во можност, иако се обиделе со сите начини, да обезбедат достапни и соодветни ревизорски докази како основа за мислењето на ревизијата. Заради тоа тие се воздржуваат да искажат мислење за финансиските извештаи на „Технометал Вардар“.

Ревизорите откриваат дека „Комерцијална банка“ од „Технометал Вардар“ превзела заложен недвижен имот во нето вредност од 5,7 милиони евра во населбата „Маџари“.

Во десетте точки во кои ревизорите објаснуваат зошто одлучиле дека не можат да дадат мислење за тоа дали финансиските резултати соодветсвуваат на финансиската реална слика на оваа трговска компанија се издвојуваат две. 

Многу значајна е таа дека друштвото не обелоденило информација за старосната структура на финансиските средства и на финансиските обврски и покрај тоа што тоа не е во согласност со Меѓународниот стандард за финансиско известување.

Можеби најважно е тоа што друштвото не направило исправка на вредноста на побарувања од купувачи кои потекнуваат од минати години, а станува збор за безмалку 2 милиони евра. 

Мора да се обрне внимание и на фактот што друштвото има проблем со наплата на побарувања од купувачи, побарувања за аванси и депозити и побарувања по долгорочни кредити во вкупен износ од околу 1,5 милиони евра. Исто таја ревизорите увиделе дека средствата на друштвото се преценети за уште 1,5 милиони евра. Ревизорите обрнуваат внимание дека тековните обврски значително ги надминуваат тековните средства поради што „Технометал Вардар“ се соочува со значајни ликвидносни проблеми.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина