18 Мај, 2024
0.0679

ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ: Каква цена на струјата да очекуваме?

Објавено во: Економија 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Ќе плаќаме ли поскапа струја од август, ќе се знае на крајот од следниот месец. Енергетските компании ги доставуваат пресметките за трошоците што ги имале во изминатите дванаесет месеци. Според сознанијата дел од нив покажале зголемени трошоци, што само по себе значи и дека бараат зголемување на цената на струјата.

Од ЕВН потврдуваат дека тие до Регулаторната комисија за енергетика веќе доставиле пресметки, со оглед дека законскиот рок за тоа беше до денеска. Но, не коментираат какви трошоци прикажале и колкаво зголемување на цената на струјата бараат.

И од државната енергетска компанија ЕЛЕМ, посочуваат дека во законски предвидениот рок ги доставиле до Регулаторната комисија за енергетика трошоците од нивното работењето за да се утврди на максимален приход за регулираниот период за 1 јули годинава заклучно со 30 јуни следната година.

„Согласно пресметките во апликацијата не се бара зголемување на производната цена на електричната енергија , односно  прикажаните трошоци  на компанијата нема да влијаат врз цената на електричната енергија за крајните потрошувачи на регулираниот пазар за електрична енергија“, велат од ЕЛЕМ за Фактор.

Од државната компанија МЕПСО, пак велат дека нивниот краен рок за доставување на пресметките за преносната цена на струјата е до крајот на месецот, кој ќе биде испочитуван, но засега нема информација со какви пресметки ќе настапат кај Регулаторната комисија за енергетика.

Сега, граѓаните плаќаат 5,56 денари за киловат час потрошена струја во скапа тарифа и 2,78 денари за потрошен киловат час електрична енергија во евтината тарифа. Минатата година цената на струјата се намали за незначиелни 0,25 отсто.  


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа