Од Струмица и Дојран тргна возбудливиот караван Цевитана Bubble Football
Објавено во: Мои пари 22 Јули, 2015 19:08
Адреналинскиот спортски настан, Цевитана Bubble Football ги одржа првите натпревари во Струмица и Дојран од 15ти до 19ти јули. На возбудливиот турнир се пријавија повеќе тимови кои целосно го уживаа новото фудбалско искуство, на кое носеа провидни фудбалски костими во форма на топка. Интересното е тоа што на овие фудбалски натпревари подеднакво преовладуваат забавата, возбудата и натпреварувачкиот дух помеѓу тимовите.
Во Струмица вкупно 16 екипи во двата дена ги испробаа Бабл топките и се забавуваа, а во Дојран за трите дена вкупно 43 екипи. И во двата града се покажа дека играта е предизвик и за девојките кои во Струмица преку женскиот тим ЖФК Тиверија ги покажаа своите фудбалски способности и спортски дух, а во Дојран се натпреваруваа и мешани екипи.
Цевитана Bubble турнирите ќе продолжат да се одржуваат во текот на целото лето и сите заинтересирани можат да го пријават учеството на својот тим, бесплатно на фејсбук фан страницата на Цевитана или пак тоа можат да го сторат и директно за време на настаните што ќе се одржуваат на 24ти и 25ти јули во Битола, на 25ти и 26ти jули во Прилеп, од 30ти јули до 9ти август во Охрид и на 29ти и 30ти август во Скопје. Цевитана Bubble фудбал турнирот ги поканува сите спортски клубови да донесат свои екипи и да се пресметаат меѓусебно со Бабл Фудбал.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете







