Добивај вести на Viber
Големата акција на ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“, по најавата за топлотниот бран и по укажување на Министерството за здравство, со мобилен здравствен пункт за превентивни прегледи и давање совети како граѓаните да се однесуваат на жешкото време, како и мерење крвен притисок, од утре почнува и во општина Гази Баба.
Пунктот ќе биде отворен од 18 до 21 часот на следниве локации во одредените денови.
- 28.07.2013 во нас. Ченто (Парк Ченто)
- 03.08.2013 во нас. Автокоманда (Плоштад)
- 09.08.2013 во нас. Ченто (Парк Ченто)
- 14.08.2013 во нас. Автокоманда (Плоштад)
- 19.08.2013 во нас. Ченто (Парк Ченто)
- 24.08.2013 во нас. Автокоманда (Плоштад)