Добивај вести на Viber
Пријавувањето за учество во програмата Лотарија за добивање на иселенички визи (Зелена карта) за 2015 година, ќе почне во 18:00 часот во вторник, 1 октомври 2013, соопшти денеска Амбасадата на САД во Скопје, пренесува Денешен.мк.
Рокот за пријавување истекува во 18:00 часот, во сабота, 2 ноември 2013. Пријавувањето за Лотарија за иселеничка виза за 2015 се врши по електронски пат, апликации на хартија не се прифаќаат.
Стејт Департментот на САД отвори посебна веб страница за пријавување на Лотаријата за иселенички визи
http://www.dvlottery.state.gov/.
Преземањето на апликацијата за учество од веб страницата, пополнувањето и испраќањето не се наплаќа. Пријавувањето на програмата не гарантира дека апликантите ќе бидат прифатени, информира Амбасадата на САД.