ОД УТРЕ ТОПЛИ РАДИЈАТОРИ - ќе биде ладно, има услови да се пушти парно, соопшти БЕГ
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2021 13:54
Од утре конечно топли радијатори.
Поради падот на надворешнитетемператури од утре, 7 октомври, започнува грејната сезона 2021/2022 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ, соопшти компанијата.
„За ден 7.10.2021 година, се создадени надворешни услови за производство и испорака на топлинска енергија.Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозата за средна дневна температура од 11,8 степени целзиусови за Скопје за 7.10.2021 година од Управата за Хидрометеролошки работи“, се вели во соопштението од БЕГ.
Нагласуваат дека во моментов во 103 колективни станбени објекти, кои се приклучени на системот за централно греење, сè уште не се отстранети пречките кои се во надлежност на потрошувачите и заедниците на станари за да може грејната сезона да започне навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено. Во околу 40 објекти не е обезбедено напојување на топлинската станица со електрична енергија, а во 63 не се отстранети дефектите во внатрешната грејна инсталација или истото не е пријавено во Центар за грижа за потрошувачи на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.
„Снабдување со топлина Балкан Енерџи постојано контактира со потрошувачите и Заедниците на станариза отстранување на пречките,со цел грејната сезона да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено. Затоа во изминатиот период повеќе од 1300 потрошувачи се телефонски контактирани и испратени се повеќе од 430 писмени ивестувања до потрошувачите и до Заедниците на станари. Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици за ставање во функција на сите објекти дополнително ќе придонесе за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија“, велат од БЕГ.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




