17 Јуни, 2024
0.3151

ОД УТРЕ ТОПЛИ РАДИЈАТОРИ - колку парно ќе имаме ќе зависи од температурите, но и од сонцето, облаците и ветерот

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Од утре ќе имаме топли радијатори, бидејќи официјално почнува грејната сезона. 

Сепак, колку топло парно ќе добиваат скопјани, ќе зависи и од температурите, но и од атмосферските услови, односно дали времето е надвор сончево или има облаци, или, пак, дали е мирно или ветровито. 

Ова, како што за Фактор објаснуваат од Балкан енерџи Груп, е во согласност со новите мрежни правила кои се донесени во мај лани и ќе важат веќе од оваа грејна сезона. 

Сепак, снабдувачот објаснува дека овие мрежни правила многу не се разликуваат од претходните кои важеа во изминатите години.

Од БЕГ уверуваат дека правилата се направени во интерес на потрошувачите. 

Инаку, БЕГ денеска соопшти дека од утре, 15-ти октомври, започнува грејната сезона 2020/2021 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје.

„За домаќинствата и правните субјекти во Скопје кои се приклучени на централниот систем за топлинска енергија, од 15 октомври ќе започне регулираниот период за редовна испорака на топлинска енергија, кој вообичаено трае се до 15 април следната година. Во рамките на овој период, испораката на топлинска енергија се врши од 6 до 22 часот, по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната Комисија за Енергетика“, објаснуваат од БЕГ.

Или, како што прецизираат од компанијата, доколку надворешните температури се пониски, ќе се испорачува поголемо количество топлинска енергија, и обратно.

„Така што, корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. При одредени атмосферски услови на доволно топло време, кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува. При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците“, објаснуваат од БЕГ.

Фактор анализираше дел од мрежните правила кои ќе важат оваа грејна сезона. 

Ова е првото мрежно правило:

Доколку е времето сончево и мирно, а надворешната температура според локалното мерење во топланите Исток и Запад во 8.30 часот порасне над 10 степени целзиусови, работата на котлите веднаш се прекинува, а циркулационите пумпи продолжуваат да работат уште 120 минути. 

Овој услов ќе важи од први октомври до 15 ноември и од 15 март до 30 април.  

Второто правило, пак, е следново.

Доколку времето е сончево и мирно, а надворешната температура достигне вредност поголема од 11 степени целзиусови, во периодот меѓу 9 и 14 часот, се прекинува работата на котлите, а пумпите продолжуваат уште 120 минути.

Понатаму во овие опширни мрежни правила, се дадени сите други услови кога се исклучува, а кога се вклучува парното, со цел како што велат од БЕГ, правилно и ефикасно да се користи топлинската енергија. 

Од БЕГ апелираат и дека со цел испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите кој кои има дефекти на внатрешната грејна инсталација, да ги отстранат во најкус можен рок и истото да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100. 

„Исто така, апелираме до сите Управители односно Заедници на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да  обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација)“, велат од БЕГ.

Од компанијата додаваат и дека за информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи: http://beg-snabduvanje.com.mk/customers/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бислимовски: Ме загрижува тоа што 15 отсто од струјата ЕВН Хоме ќе ја купува на слободниот пазар

Бислимовски: Ме загрижува тоа што 15 отсто од струјата ЕВН Хоме ќе ја купува на слободниот пазар

ДО ПОЛНОЌ СИТЕ НА БЕНЗИНСКА АКО САКАТЕ ПОЕВТИНО ГОРИВО: Еве кои ќе бидат новите цени на бензините и дизелот од утре

ДО ПОЛНОЌ СИТЕ НА БЕНЗИНСКА АКО САКАТЕ ПОЕВТИНО ГОРИВО: Еве кои ќе бидат новите цени на бензините и дизелот од утре

ШОКАНТНО ВИДЕО: ПАТНИЧКА ВО АВИОН СЕДИ ВРЗАНА ЗА СЕДИШТЕ, НА РАЦЕТЕ И ЛИЦЕТО ИМА СЕЛОТЕЈП - но, ја знаете ли причината

ШОКАНТНО ВИДЕО: ПАТНИЧКА ВО АВИОН СЕДИ ВРЗАНА ЗА СЕДИШТЕ, НА РАЦЕТЕ И ЛИЦЕТО ИМА СЕЛОТЕЈП - но, ја знаете ли причината

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат