26 Јуни, 2024
0.0274

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

ЕСМ Продажба го добила тендерот за сите основни училишта во Општина Центар затоа што дала најниска понуда за провизија. Но, провизијата на државната ЕСМ Продажба е 25 отсто повисока од провизијата по која приватна фирма ќе ги снабдува со струја касарните на АРМ! Новата Влада има историска можност да стави ред во снабдувањето со струја по берзански цени за институции кои не се комерцијални и не прават профити, а некои немаат ниту приходи. А тие што имаат приходи нив ги регулира државата. На листата на приоритети се сите основни и средни училишта, болниците и амбулантите, полициските и армиските објекти, музеите, театрите и секако општинските комунални претпријатија!

Сите девет основни училишта во скопската Општина Центар во наредните две години ќе плаќаат цена за струја по цени од унгарската берза ХУПЕКС. Згора на тоа што училишта ќе плаќаат цена од берза, државната компанија за продажба на струја ЕСМ Продажба ќе им наплаќа и провизија од 4,86 отсто . За период од две години колку што важи договорот Општина Центар односно сите школи на ЕСМ Продажба ќе и платат до 1,58 милиони евра за струјата. Ова се официјални податоци кои се јавно достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки.

Деветте основни училишта во скопската Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од таа што ја плаќа македонската армија (АРМ) за своите касарни ширум земјава! Цената за струјата за школите ќе биде повисока од таа што ја плаќа АРМ само заради провизијата што ја наплаќа снабдувачот со струја! И да биде иронијата најголема снабдувачот на школите е државна фирма, а снабдувачот на касарните е приватна компанија.

Државната ЕСМ Продажба за струјата од ХУПЕКС ќе наплаќа 25 отсто поголема провизија од тоа што РЕС ќе ја наплаќа на касарните на АРМ. Струјата е иста, се плаќа по цена од истата берза ХУПЕКС!!!

Во контекст на споредбата на провизиите да потсетиме дека неодамна Министерството за одбрана склучи договор за снабдување на касарните со струја со приватната компанија РЕС.

На овој тендер е постигната најниска провизија во споредба со сите други буџетски корисници (министерства, општини, јавни претпријатија, институции). Провизијата е под 4 отсто од цената на струјата на ХУПЕКС. Сите детали се на следниот линк https://faktor.mk/kako-ministerstvoto-za-odbrana-go-dobi-najgolemiot-dosega-viden-popust-za-nabavka-na-struja-provizijata-e-samo-39-otsto

За овој тендер ЕСМ за провизија ќе си наплати до 76.300 евра од школите. А државата на име ДДВ ќе им наплати на школите 284.400 евра, затоа што школите не се исклучени ниту се привилегирани туку плаќаат ДДВ како и сите комерецијални субјекти. А тоа е огромна системска слабост на македонскиот даночен систем.

Со најновиот тендер за период од две години се опфатени следните основни училишта во Општина Центар: „Киро Глигоров“ со буџет за струја до 81.300 евра, „Кочо Рацин“ со буџет до 40.650 евра, „11 Октомври“ со буџет до 25.360 евра, „Песталоци“ со 27.600 евра, „Димитар Миладинов“ со 37.400 евра, „Коле Неделковски“ со 48.780 евра, „Гоце Делчев“ со 24.390 евра и „Свети Кирил и Методиј“ со 13.750 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?