18 Декември, 2025
0.0583

Бислимовски: Ме загрижува тоа што 15 отсто од струјата ЕВН Хоме ќе ја купува на слободниот пазар

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2024 14:00

Добивај вести на Viber

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, на денешниот брифинг со новинарите рече дека и самиот е зачуден од владината одлука на седница ЕСМ од 1 јули на ЕВН Хоме да му продава поскапа струја за потребите на домаќинставата и малите потрошувачи за 60 евра, наместо досегашните 57 по мегаватчас. Но, како што рече тој, и од тоа ЕСМ да не ги покрива целосните потреби на ЕВН Хоме како универзален снабдувач, туку само 85 отсто.

- Ова цена од 60 евра што ЕСМ ќе му ја продава на универзалниот снабдувач може да се „исхендла“, но ме загрижува тоа што остатокот од 15 отсто од потребите на ЕВН Хоме ќе се купуваат на слободниот пазар. Од фјучерсите што ги гледаме за третиот и четвртиот час, таму цените се од 90 до 100 евра за мегаватчас, вели Бислимовски.

Првиот човек на РКЕ вели дека без потребната анализа не може да се каже точно колку ќе биде поскапувањето на електричната енергија на регулираниот пазар од 1 јули, но вели дека добро е тоа што во цената ќе се вкалкулира новата профитна маржа на ЕВН Хоме како универзален санбдувач од 11 на 9,9 отсто.

Бислимовски додаде дека нема да стане збор за ценовен шок и ги повика трговците и производителите да не прават злоупотреби со шпекулации.

- Сакам да ги демантирам највулгарните и најбезобразните шпекулации дека цената на лебот е поврзана со цената на електричната енергија. Произведувачите на леб ја купуваат струјата на слободниот пазар. Во моментов цените на електрична енергија на слободниот пазар е далеку пониска одколку што беше во 2023, 2022 и 2021, рече Бислимовски.

Тој додаде дека Македонија може да биде прва земја во Европа со три часа евтина тарифа во текот на денот, но дека за тоа се прават анализи и тоа би се спровело некаде околу крајот на годината.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје