18 Мај, 2024
0.0299

Од ВМРО-ДПМНЕ велат оставиле здрава економија и трасиран пат кон ЕУ и НАТО

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведуваат дека оставиле цврсто трасиран пат кон ЕУ и кон НАТО, здрава економија, со добра основа за раст и развој, пат за кој велат дека гарнитурата на СДС тешко ќе може да го следи. 

Од партијата велат дека основна одлика на СДС се интригите, манипулациите и деструкцијата. Tоа го докажаа од осамостојувањето на Република Македонија до денес, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. 

„ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДС, работи и создава, додека тие блокираат, креираат кризи и уништуваат. ВМРО-ДПМНЕ 11 години додека беше на власт реализираше илјадници проекти кои значеа подобри стандарди за сите граѓани. СДС, додека владееше избрка над 200.000 луѓе од работа, затворија 684 фабрики и оставија еден куп неразјаснети убиства и друг вид на тешки кривични дела. Владеењето на правото беше на дното во Европа, а економијата прикачена на апарати за дишење. СДС кога ја предаваше власта на ВМРО-ДПМНЕ во 2006-та година буџетската сметка беше блокирана, додека ВМРО-ДПМНЕ им остава полна буџетска каса, со 130 милиони евра средства на располагање во буџетот. СДС е црната чума која и се случи на Македонија во поглед на невработеноста. Во нивно време истата изнесуваше енормни 38%, а ВМРО-ДПМНЕ со посветена работа и ефикасна економска политика успеа да ја симне на историски најниски 23.1%. ВМРО-ДПМНЕ од СДС во 2006-та година наследи просечна плата од 11.700 денари, и за 11 години успеа истата да ја донесе на ниво од 22.700 денари. Времето на СДС се одбележа со високи даноци, кои ВМРО-ДПМНЕ во најголема мера ги намали. Воведовме повластена стапка на ДДВ за повеќе продукти и со тоа помогнавме да се придвижи економијата напред. СДС сега најавува ново покачување на даноците, што ќе донесе нови главоболки за граѓаните и фирмите“ - стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

За СДС поимот земјоделски субвенции беше непознат израз, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2006-та година па наваму се исплатија 1.1 милијарда евра на име земјоделски субвенции, со што во голема мера се помогна во ревитализирање на македонското земјоделство.

„ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС мисли и работи за сите категории граѓани, затоа од 2006-та година па наваму ја зголемивме социјалната помош за 80%, платите во администрацијата за 30%, а најниските пензии во Македонија пораснаа за 106%, а просечната пензија за 80%“ - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните знаат дека додека СДС ја управуваше економија, бевме на дното на сите светски економски рангирања. Во 2006-та година Светска Банка ја рангираше Македонија на 94-то место во светот според добрата бизнис клима, додека денес ја рангира на 10-тото место во светот и 5-тото место во Европа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?