29 Март, 2024
0.1530

Одбележан роденденот на единствениот Тоше Проески

Објавено во: Стил 26 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во Спомен куќата на Тоше Проески беше средиштето на чествувањето и сеќавањата за него и за неговиот роденден. Требаше да биде неговиот 32-ри роденден, но сега се само сеќавања, чествување за неговиот голем талент, за неговото големо срце. Најсилната од сите пораки, тошевата песна, и денеска ги допре срцата на неговите блиски, неговите фанови, почитувач собрани во Спомен куќата. Промоцијата на спотот за песната „Се е ова премалку за крај“ е симболиката на овој 25-ти јануари. Песната на Тоше ја промовираше авторот на текстот и композитор Јелена  Трифуновиќ од Србија. - Тоше планираше да ја сними песната „Се е премалку за крај“. Ми кажаа дека е пронајдена во неговиот компјутер. Не можеше да се искористат сите делови. Никша Братош, направи феноменален аранжман, песната заживеа и сега имаме уште еден убав спомен за тоше, рече Трифуновиќ при промоцијата. Фондацијата на Тоше Проески се грижи за неговите спомен и дело.Оваа песна е потврда дека е големо музичкото наследство што го остави Тоше, вели Андреј Николоски. - Кога човекот го слави својот роденден најблиските го даруваат  со најубави желби и подароци. Шеста година по ред нашиот Тоше не е меѓу нас. Не е тука да му ги подариме најискрените желби. Болката и тагата не престануваат. Фондацијата се обидува да го прави она што тој најмногу го сакаше, им подарува и да ги прави среќни своите фанови. За нив подаруваме уште еден голем хит. Секоја негова песна е своја порака. На проектот се 16 песни кои го одбележуваат карактерот на Тоше и најновата „Се е ова премалку за крај, рече Николоски. - Се работат три нови песни во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт во Лондон. Се подготвуваат уште неколку песни во реномираните европски музички студија, изјави Николоски. Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска потенцирајќи оти го одбележуваме 32 роденден на Тоше истакна дека во Спомен куќата се втемелени сите негови човечки квалитети, искрени заложби, извонреден талент и уметнички достигнувања кои оставија траен белег во нашата колективна меморија. - Се навраќаме на спомените, на неговата верба, љубов, на песната која ги обединува луѓето и која е и денеска меѓу нас, живее во нас правејќи да се чувствуваме посреќни. Тоше ја промовираше земјата со богата културна традиција и уметнички вредности, успеа да го спои неспоивото, барајќи ја хуманоста во луѓето со музиката и уметноста, рече Канческа Милеска. Таа истакна дека од оваа година Министерството за култура ќе биде покровител на еден голем меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер кој ќе го носи името на нашиот Тоше. Спомен куќата претстави нови предмети на Тоше, музички инструменти благодарници, облека. Неговите фанови, почитувачи од секаде пак се во Крушево, за споменот на Тоше , на неговото вено почивалиште на Гумење. Македонските музичари Андријана Јанеска, Билјана Талеска, Александра Пилева, групата „Некст тајм“, „Кристијан и неговиот бенд, Тошевиот бенд уште еднаш ги пееја  песните на нашата голема музичка ѕвезда