19 Мај, 2024
0.1979

Одбраната на Камчев со претставка за судијата кој одреди притвор и законитоста на белешката на АНБ, бизнисменот останува во Шутка

Објавено во: Македонија 12 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Одбраната на бизнисменот Јордан Камчев денес поведе постапка за утврдување на незаконитост на докази со кои му беше определена мерката притвор. Тоа денеска на прес конференција го кажа адвокатот Тони Менкиновски кој кажа дека е поднесена Претставка за несовесно и нестручно работење на судијата на претходна постапка, кој ја изрече мерката притвор без да, како што вели, презентира докази.

Денеска, пак Кривичниот совет во Основниот кривичен суд Скопје го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и донесе решение за продолжување на мерката за уште 30 дена бидејќи, како што велат од судот, сè уште постои опасноста од бегство.

Менкиновски на пресот тврдеше дека Информацијата од Агенцијата за Национална безбедност од 14 март 2021 година, која е доставена и предложена како доказ кон Предлогот за изрекување на мерка притвор никогаш не е доставена до одбраната и е според нив незаконска. 

Агенцијата за национална безбедност АНБ постапила надвор од своите законски овластувања предвидени во Закон за агенција за национална безбедност (шпионажа, тероризам и негово финансирање, насилен екстремизам и други активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата)  па оттука останува нејасно како Камчев ја загрозува националната безбедност на државата и претставува закана за националната безбедност на државата за да биде следен од 12 февруари 14 февруари 2021 години како и да биде изготвена службена белешка со таа содржина, праша адвокатот.

Додаде дека Агенцијата за национална безбедност  ако имала било какви индиции за наводно бегство на Камчев согласно со закон била должна да  го извести Бирото за јавна безбедност како орган во состав на Министерството за внатрешни работи а Бирото доколку сметало за тоа требало да го извести Јавниот обвинител.

„Дека се работи за скандалозно изрекување на најстрога мерка за обезбедување (мерка притвор), изречена врз усна белешка на доушник, и не презентирање на докази на нас како одбрана, потврдува и Премиерот кој како носител на извршната власт имал ингеренции и можел да има увид во извештајот на АНБ. Тој изјави дека осомничениот Камчев не планирал бегство со бугарски агенти. Имено цитирам: Не се работи за следење, кажувам дека не е следен.. тоа агенти, Бугарија, не е точно, нема таму таква работа. Има неколку причини, кои што тие, се побудил кај нив инстинктот да напишат и да пријават (АНБ).. понатаму тоа го цени јавен обвинител.“ – вели Заев; Истовремено повторувам, во Решението за изрекување мерка притвор на мојот клиент, а истото ни беше соопштено и усно од страна на Судијата на претходна постапка, стои јасно запишано дека мерката притвор ја изрекуваат поради соработка со бугарски агенти и план за бегство. Притоа, без презентирање на докази, и прецизно објаснување на причините поради кои е лишен од слобода, рече Менкиновски.

Поради ова пред Републичкиот Судски Совет, одбраната поднесе Претставка за несовесно и нестручно работење на судијата на претходна постапка, кој ја изрече мерката притвор без да, како што вели, презентира докази.

„Дополнително, неспорно во наведениов случај  постои пречекорување на законските ограничувања и овластувања при постапувањето на АНБ  во постапка СД бр.02-545/1  од аспект на пречекорување на овластувањата, преземање неовластена постапка, злоупотреба и други неправилности во работењето, не постапување врз основа на наредби од Суд за спроведување на мерки за тајно собирање на податоци и информации, како и по наредби од Суд за спроведување на мерки за следење на комуникации, а вооедно начинот на собирање на безбедносните податоци и информации во врска со горенаведената постапка не законски спроведена спротивно на нивните права утврдени со закон. Во овој поглед најпрво сакаме да нагласиме дека, оваа своја информација Агенцијата за национална безбедност ја изготвила надвор од сите свои овластувања утврдени во Законот за АНБ и со истата му ги ограничила  основните слободи и права на Камчев, рече адвокатот.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична