03 Мај, 2024
0.0247

Одговорност – што беше тоа?

Објавено во: Колумни 27 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Моралните норми и вредности во едно општество треба да се ѕвезди водилки на секој добронамерник и човек кој сака и настојува да стане добар и корисен граѓанин во општеството во кое живее и работи. Не треба многу да се говори за пожелноста и посакуваноста на вистинските вредности, кои не се само суштински за индивидуите, туку се и бесценети за сите односи меѓу луѓето, но и за севкупното општество. Со децении се градат вредности кои првенствено на младите, уште во примарната социјализација, треба да им покажат што е добро, посакувано, правилно, позитивно, а што е лошо, негативно и неправилно и врз основа на нивната етаблираност во вредносниот систем, секоја индивидуа ќе го креира своето однесување. Вредностите се извор на моралот од кој се напојуваат душите на луѓето и ако тие се урнисаат или маргинализираат ќе се сруши севкупниот морален кредибилитет. Совремието наметнува нови вредности и секако дека треба да бидеме во склад со нив, но никако не смееме да ги запоставите оние универзални човечки вредности кои се бесвременски и оставаат неизбришлив траг на секое општествување. Со месеци, па и години се говори за ерозија на моралот Почит, чесност, правичност, алтруизам, космополитизам, толеранција и сл. се вредности кои се вечни и вредности кои вечно ќе го потхрануваат моралот во општеството. И без оглед што со месеци, па и години се говори за ерозија на моралот, за  вредносен вакум, сепак тоа не е изговор за непочитување или занемарување на вредностите и моралот. Одговорноста е исто така вредност која треба да биде на врвот на вредносниот дискурс на секоја индивидуа, посебно на оние кои учествуваат во креирање на јавното мнение, но и на секој раборник-професионалец во својата дејност. Впрочем затоа и еден од најчестите зборови во нашиот вокабулар е зборот одговорност, независно дали се говори за индивидуална, колективна, општествена и уште каква не одговорност. Урнисување и непостоење ниту на индивидуална, ниту на колективна, ниту на општествена одговорност - типична слика и прилика на нашата реалност Катаклизма на одговорноста - најсимплифицирано може да се опише состојбата во последниве месеци во нашата ни мила Македонија. Урнисување и непостоење ниту на индивидуална, ниту на колективна, ниту на општествена одговорност - типична слика и прилика на нашата реалност. Можеби сурово ќе звучи, меѓутоа за да се врати одговорноста мора да има коренити промени, длабоки трансформации и силни санкции за личности, па и институции кои апсолутно ја запоставиле и маргинализирале одговорноста. Колкав е прагот на човечката толеранција Верувам дека на повеќето од вас мачнина им се јавува во стомакот кога почнува одредена информативна програма, првите пет ударни вести се за насилство, смрт на родилка, смрт на бебе, прегазен пешак, и уште какви ли не информации-црна хроника, која ви го распарува тенкото нервно ткиво. И секој здраворазумен човек не може да остане имун на ваквите вести и да не си го постави наједоставното прашање- а кој е одоговрен за овие трагедии кои секојдневно не навјасуваат. Внимавајте, тоа не се само поединечни човечки судбини, тоа се семејни трагедии, општествени проблеми за кои и те како треба да се проговори јавно, па дури и да се издигнат на ниво на морална паника. Срце ви се кине кога ги гледате солзите таговници на лицата на оние кои ги загубиле своите жени, своите чеда, своите ближни, ве боли кога гледате како со месеци се мачат во лавиринтот наречен бирократски ходници да ја пронајдат правдата, која само за тронка ќе им ја смири болката која им го растргнува срцето. Но во исто време ви доаѓа да вреснете громогласно за сите неправди и нерешени случаи кои само го продлабочуваат јазот меѓу луѓето и институциите. А само колку малку е потребно за да не се повтори нечија грешка, колку исправки би можеле да толерираме и сугерираме, до кога ќе премолчуваме и колкав е прагот на човечката толеранција и уште колку животи треба да згаснат за да повикаме на одговорност? Системска одговорност Одговорност и тоа системска, одговорност да се бара за секој прекршител, тој што ординирал во алкохолизирана состојба ја урнисал Хипократовата заклетва која ја дал, прекршил вредности и норми и е виновен за нечиј загубен живот, под итно санкција за неговата неодговорност и тоа брза, навремена и строга, без право на жалба и поплака. Колку само животи треба да бидат одземени на пешачки премин, на премин каде лицата си ги почитувале нормите, но некој друг не бил одговорен и ги згазил - санкција остра, брза и тука без поговор. Одговорност за институциите и носителите на јавни функции кои треба да предничат во својата одговорност, а не да ја урнисуваат и постојано да се извлекуваат. Совеста е страшен внатрешен судија Одвратна хипокризија почитувани, кога ќе видите лице на јавна функција како со полна уста говори за реформи во здравство, а од друга страна не се превзема одговорност за десетици смртни случаи кои се на очиглед на јавноста....Совеста е страшен внатрешен судија кој ја оценува одговорноста и тој судија може силно да гребе и удира и да не остава мир, но тоа е кај оние кои ја имаат, а кај другите, е тоа е посебен проблем. Но затоа е тука граѓанството кое треба силно да притисне и да не се остави повеќе ништо на случајноста, бидејќи ако останат неказнети неодговорните тогаш се ќе отиде во бестрага... Д - р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет - Скопје  

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина