29 Септември, 2024
0.0324

Одложена теренската реализација на проектот на ИРЛ „Мобилни редакции“

Објавено во: Македонија 13 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Тимот на новинари и продуценти на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ донесе одлука целосно да ја стави во мирување реализацијата на проектот „Мобилни редакции“. Теренските активности ќе продолжат откако ќе заврши вонредната состојба во земјава и ќе се укинат ограничувањата за движењето на населението, воведени за спречување на ширењето на Covid-19 (корона вирус).

Главната цел на проектот „Мобилни редакции“ е преку непосредна комуникација со граѓаните да се идентификува и истражи корупцијата на локално ниво користејќи ги алатките на истражувачко и аналитично новинарство. Реализацијата на проектот започна на почетокот на март за што мобилната редакција на тимот на ИРЛ го посети североисточниот регион на земјата. Беше предвидено  на почетокот од април мобилната редакција да се префрли во полошкиот регион, а на почетокот на мај на југоистокот од земјата.

„Тргнувајќи од препораките на здравствените експерти кои велат дека единствена ефикасна превенција од Covid-19, покрај одржување на личната хигиена, е одржување на неопходната физичка дистанца меѓу луѓето, беше неопходно да ја донесеме оваа одлука за одложување на реализацијата на проектот. Неговата реализација секако ќе продолжи по нормализирање на состојбата во земјата, која се надеваме дека ќе случи што е можно побрзо. Дотогаш се приклучуваме кон апелот до сите граѓани да останат во своите домови со што ќе го заштитат своето здравје и здравјето на другите“, вели раководителката на тимот на ИРЛ, Сашка Цветковска.

Во целокупната имплементација на проектот, како и во самиот процес на создавање на истражувачки новинарски стории, ИРЛ соработува со голем број граѓански организации кои активно работат на теми поврзани со корупцијата и нејзиното сузбивање, со локалните канцеларии на Здружението на новинарите, како и со Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот ревизор и Канцеларијата на Народниот правобранител.

Тимот на истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ е составен од истакнати новинари и други медиумски и комуникациски професионалци со долгогодишно искуство. Здружението е основано со иницијална поддршка на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (Organized Crimeand Corruption Reporting Project – OCCRP) која претставува истражувачка репортерска платформа формирана од повеќе од 40 непрофитни истражувачки центри и неколку регионални и глобални новински организации низ светот.

Повеќе информации за мисијата на ИРЛ, како и за проектот „Мобилни редакции“ може да се добијат преку веб-страницата на ИРЛ www.irl.mk, како и профилите на социјалните мрежи: www.facebook.com/IRLMacedonia/; www.instagram.com/irlmacedonia/ и www.twitter.com/IrlMacedonia


Можеби ќе ве интересира

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи