Одлуката за поскапување на дизелот може да падне на Влада?
Објавено во: Економија 03 Ноември, 2017
Поскапувањето на дизелот ќе донесе серија и на други поскапувања, очекуваат познавачите на работите. Пред се во делот на транспортот. Може да поскапат транспортните услуги, такси превозот, јавниот превоз.
Министерството за финансии зацрта да ја зголеми акцизата за дизел горивото и со тоа да го поскапи за 3, 5 денари. Одлуката е донесена пред се од еколошки аспект. Сепак истата одлука треба да помине и на Влада.
Очекувања се дека може да има отпор кај дел од министрите, со оглед дека над 200 илјади македонски граѓани возат автомобили со дизел гориво, па мерката може да се оцени како непопуларна.