ОДМОР ЗА ОНИЕ СО ПЛИТОК ЏЕБ: Каде и како да летувате со 100 евра?
Објавено во: Стил 02 Јули, 2018
Сезоната на одмори навлегува во шпицот а токкму сега и цените се најскапи.
Ако сепак сакате одморот да го поминете поевтино, тоа треба да го направите резервирајќи одмор во предсезона, но бидејќи предсезоната помина ви останува поевтино да одмор да поминете после сезоната.
Цените паѓаат во септември.
Предсезоната е секогаш време кога се резервираат одмори ако сакате да поминете поевтино и имате плиток џеб. Секогаш може да се најдат понуди со големи попусти и по ниски цени во месецот кога доаѓа така нареченото циганско лето, а оние традиционално поволните ангажмани, може да се најдат и од 59 евра.
Ако се прашувате каде се нудат ниски понуди еве и одговор.
Грција е број еден, но овие понуди воглавно се однесуваат на помалку атрактивните локации.
За десет ноќевања, и автобуски превоз, во коректни апартмански вили навистина за бројни понуди треба да се издвојат помалку од 100 евра, додека Црна Гора е најисплатлива со закуп на амартманско сместување со една или две звезди , со сопствен превоз.
Во местата како Сутоморе, Чањ, или Шушња, апартманите кои се идеални за две лица дури и во сезона може да се најдат за 25 евра, а пред сезона или во септември и за помалку. Така испаѓа да седум дена, по лице, може да чинат помалку од 90 евра.
И не заборавајте, сега е вистинско време за купување на аранжмани, а ако со себе водите деца, за нив има и гратис аранжмани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.