17 Мај, 2024
0.0304

ОДНОВО ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА: Судовите си играат пинг-понг со притворот за Кочан!

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Одлуката за притвор за бизнисменот Сеад Кочан се враќа на почеток, откако вчера Апелација одлучи да ја оспори гаранцијата од речиси еден милион евра. Ова значи дека првостепениот суд повторно ќе одлучува.

Сеад Кочан е првоосоминичен во предметот што го отвори СЈО, по кодното име „ Труст“, а кој е поврзан со тендерот објавен од ЕЛЕМ во 2011 година за ископ на јаглен и јаловина од рудниот Суводол.  

Во отворениот случај второ и трето осомничени се директорот на „Силекс неметали“,  Василије Авировиќ и управителот на фирмата „ВАТО“ од Скопје, Сафет Ватиќ. Според истрагата што ја отвори СЈО , сите тројца се товарат дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Предмет на набавката била дробилица за ископ во јаловина во РЕК Битола.Овие три компании на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“. Тендерот бил распишан на 7 октомври 2011 година, а биле наведени неколку услови кои фирмите што сакале да аплицираат за зделката требало да ги  исполнуваат.Првосомничениот Кочан, на тендерот доставил лажни документи дека поседува повеќе градежни машини, но и невистинити договори за наводна купопродажба и фактури дека ја набавил механизација.

Во јавноста Кочан важи за бизнисмен близок на ВМРО ДПМНЕ, а компанијата „Трансмет“ доминира во зделките со оваа партија. Лани ја напушти директорската функција во „Трансмет“, и стана сопственик на телевизијата „Нова“. Под кодното име Кочан се споменува и во бомбите што ги објави СДСМ. Во бомбите поранешниот  премиер Никола Груевски го именуваше Кочан како „лицето што вози сеат“. Токму во еден од разговорите меѓу поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, што го обелодени СДСМ  се зборува за конзорциум што би требало да го формира лицето „Сеат Ибица“ , односно „Трансмет“ и „Силекс“, кои заедно со фирмата „ВАТО“,кои СЈО ги товари дека со лажна документација  исмпумпале 17 милиони евра од РЕК Битола. 

Но ова не е единствениот бизнис на Кочан. Неговата градежна компанија „Трансмет“ изминативе години беше вклучена во поголемиот дел од државните тендери. Нејзиното име се сретнува во реконструкцијата на барокните фасади на неколку институции, во изградбата на новата фонтана на плоштадот во Скопје,  изградба на втората делница од трасата Кичево-Охрид, третата фаза од проширување на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, изградба на велосипедска патека,а се јавува како јавно –приватно партнесрство со општина Ѓорче Петров во изградбата на бизнис центаро „Емпорио“ каде што еден дел е наменет за општинската зграда. 

Според податоците од Бирото за јавни набавки, најкрупните тендери се со РЕК Битола, односно за четири години, „Трансмет“ на Кочан  кеширала околу 55 милиони евра од два тендера со РЕК Битола.Оваа компанија се јавува и во неколку зделки за чистење на канали, заедно со компанијата „Силекс неметали“, санација на брани и изградба на пристапни патишата. Од СДСМ лани обвинија дека само во 2014 и во 2015 година, компанијата „Трансмет“, добила 4 милиони евра за изградба на пристапен пат за браната „Речани“ на Оризарска Река, Кочани, и за санација на браната Пишица, во Пробиштип, за потребите на Управата за водостопанство, од Платежната агенција 700.000 евра за чистење на канали за одводнување и наводнување. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање