27 Април, 2024
0.0376

Одземена лиценцата на „Сан петролеум“

Објавено во: Економија 01 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со Еуродизел БС (Д-Е V), Еуросупер БС 95 и Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), на Друштвото за производство, трговија и услуги „Сан петролеум“ ДООЕЛ увоз-извоз – Скопје.

Одлуката доаѓа по поднесеното барање од „Сан петролеум“ до РКЕ на 9 јули годинава за престанок на лиценцата, бидејќи престанале да ја вршат дејноста.

Како што истакна претставникот на „Сан петролеум“ на денешната подготвителна седница во РКЕ, барањето го поднеле заради давањето подлиценца на „Супер трејд“ за вршење на дејноста поради што, како што рече, сметаат дека е економски неисплатливо да плаќаат закуп на резервоари кога според договорот „Супер трејд“ ќе бидат увозници и застапници на брендот. „Сан петролеум“, посочи, останува да работи само во делот трговија на мало со бензинската станица која ја поседува и веќе два месеца не увезува нафтени деривати и локално се снабдува од „Супер трејд“.

„Сан петролеум“ лиценцата за вршење дејност ја доби на 11 февруари 2015 година со период на важење од 10 години. За вршење на дејноста досега користеа три резервоари од кои два по 1.000 метри кубни за Еуродизел и Еуросупер и еден од 500 метри кубни за Екстра лесно гориво.  Резервоарите беа под закуп од друштвото „Тапмак“ Пробиштип и се наоѓаат во Пробиштип.


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност