Одземени 37 возила кои нелегално превезувале стока и патници
Објавено во: Мои пари 26 Август, 2013
Во вториот квартал од годинава одземени се 37 возила со кои се вршел нелегален јавен превоз на стока и патници. Од нив, трајно одземени се 34 возила, а времено три возила.
Во овој период, како што денеска информира Министерството за транспорт и врски, издадени се вкупно 153 патни налози и 91 покана за наплата на глоба за прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај. Поднесени се 191 барање за поведување прекршочна постапка до надлежните судови и 186 барања до надлежната комисија за прекршоци заради нерегуларности.
- Еден дел од трајно одземените возила ќе биде распределен на институции каде има потреба од тоа, а друг дел ќе бидат предмет на продажба, информира ресорното Министерство.
Во овој период од годината извршени се вкупно 1.145 инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за транспорт.