Официјална средба на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Објавено во: Економија 04 Април, 2025 15:52
Претседателот Стопанската комора, Бранко Азески имаше средба со генералниот директор на компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП), Иван Костич и Василка Салевска-Трајкова, менаџер за екстерни прашања. ФМТКП е македонската филијала на „Филип Морис Интернешнл“, водечка меѓународна тутунска компанија.
На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката во бизнис секторот како и за актуелните предизвици и трендови во тутунската индустрија, но и пошироко во стопанството.
Претставниците на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ ги презентираа постигнатите позитивни резултати, производствените и извозните потенцијали, планови но и предизвици во целокупниот бизнис-екосистем. Производите на ФМИ се продаваат на приближно 170 пазари низ светот. Глобално, ФМИ ги поседува број еден брендовите за цигари, но и иновативни производи без чад од категориите на уреди за загревање, несогорлив тутун и никотински ќесички.
Компанијата ФМТКПзапочна со работа во 2014 година како стратешко партнерство помеѓу глобалната тутунска компанија Филип Морис Интернешнл и Тутунски комбинат Прилеп при што ФМИ поседува 51% додека ТКП држи 49% од акциите на заедничкото вложување. Од самите почетоци ФМИ инвестира во модернизација и реструкутрирање на Тутунскиот Комбинат Прилеп, вложува во капитални инвестиции за производство на цигари што овозможија извоз на повеќе од 10 пазари во Европа и во земјите-членки на ЕУ.
Во новата стратегија на Комората најзначајно место ќе имаат токму институциите што имаат највисоки професионални стандарди, што инвестираат во напредни технологии, што создаваат производи со додадена вредност, со што ја зголемуваат конкурентноста на македонската економија.
Соработката со ФМТКП постои од самите почетоци, а делувањето на нејзините претставници во телата на комората и како експерти во одредени области е патоказ како треба да се соработува со домашниот бизнис. Комората гради односи со компании како ФМТКП со кои можеме да наметнеме свој став и решенија по одредени прашања кај Владата. Во наредниот период ќе се работи во насока на забрзано воведување нови технологии и иновативни решенија во оваа индустрија и нивно законско регулирање, за што лично ќе се заземе и претседателот Азески.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МУ ПОДГОТВНИ ОДГОВОР НА ТРАМП: Фон дер Лајен: Предложивме нула царински стапки

ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

Директорот на ТИРЗ: Царините на Трамп индиректно ќе ги погодат слободните индустриски зони

Колку заработи бизнисменот Ајри Шеј од новокупената топлана во Скопје?

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ СЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА КОИ ЌЕ РАБОТИ КОМОРАТА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“

МИЛИЈАРДЕР БЛИЗОК НА ТРАМП: За ова не гласавме, претседателот Трамп со царините ја губи довербата на деловните лидери ширум светот

ШПЕДИТЕРОТ ГОЛЕМ АКЦИОНЕР МОЖЕБИ НЕМА ДА „ЛАПНЕ“ ГОЛЕМА ДИВИДЕНДА, АМА ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД ГОЛЕМАТА ЗДЕЛКА - што ќе ѝ продаде „Фершпед“ на „Европа“ за пет милиони евра

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Стелантис им нуди попусти на американските клиенти
