Официјални бројки: Албанците на второ место по добивање на ЕУ-државјанство
Објавено во: Балкан 07 Март, 2019
Во 2017-та дури 58.900 Албанци станале нови ЕУ-државјани, објави Еуростат. Повеќето од нив станале државјани на Италија и Грција.
Според бројката, Албанците се на второ место, а на прво се Мароканците со 67.900 нови државјани, главно во Шпанија, Италија и Франција. На трето место се Индијците со бројка од 31.600, од кои пола станале Британци, и на четвртата позиција се Турците со бројка од 29.900 од кои половина резиденти во Германија.
Земјите од ЕУ во 2017-та издале повеќе од 800.000 државјанста за граѓани од трети земји.