ОФИЦИЈАЛНО: Во 2020 во Македонија умреле за 25 отсто повеќе
Објавено во: Македонија 01 Март, 2021
Заводот за статистика денеска официјално ги објави бројките за бројот на починати и родени во 2020. Сумирајќи ги резултатите од сите четири тромесечија, во текот на минатата година починале вкупно 25.049 граѓани.
Тоа е за 25 отсто поголема бројка во однос на една година претходно, кога бројките од кварталите покажуваат 20.412 починати. Разликата ја прави последното тромесечие во 2020, кога се евидентирани 9.465 починати, односно околу 5.000 повече во однос на истиот период една година претходно. Според Заводот за статистика, ваквата бројка сепак се должи и на тоа што се доцнело со обезбедување на податоците.
„Како последица на пандемијатa со КОВИД-19 и задоцнувањето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали, бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 89.1.% во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 9 465 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња“, соопшти Заводот.
Од друга страна бројот на новородени се намалува. Ако во 2019 нивната бројка била 19.725, во 2020 тие биле 18.863.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.