25 Април, 2024
0.0258

Официрска виа кампинг

Објавено во: Колумни 05 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Оваа пандемиска епизода сигурно ќе најде свое место во колективното паметење на многумина откако ќе помине доволно време. Сигурно е едно дека сме во период што досега се закитува со драматичност и неизвесност. А нам што ни останува-августовска горештина зачинета со свежи утра и не толку топли ноќи-што ќе рече може да се спие. Тоа е дежа ви-не очекува што се однесува до времето уште многу сонце и понекој врнежлив ден. Тие што имаа можност и храброст пред се се отиснаа на одмор и сега ја покажуваат бојата на тенот-се разбира не на корзо и  по скопските летни бавчи. Тоа беше одамна......

Се раскажуваа случки од наше море,од бело море и од црното море,како кој,а другите кои на прашањето кај беше одговараат со кусо нигде у Охрид.Чекајќи да се отиснеме некаде на вечерна пијачка и добра музика поседуваме каде ако не во кампинг. Има ефтина пијачка и скара,може да влезеш и неконвенционално облечен,а тука е цело Скопје и знајно и незнајно. А што е најважно тука се камперите(читај камперките) од каде не. Дојдени со точаци, мотори, издрндани аута, автостоп и со праавтобуси од типот Шкода. Спијат во вреќи за спиење ако имаат среќа со времето,во шаторчиња мешечки да влезеш г,зечки да излезеш, по коли и во неколкуте приколки (маде ин Треска). Сркаме како кој,кој кафе, кој скопско кој мастика или лоза и сите подзинати ги кибиме странските гостинки-а тие гајле немаат шетаат раскомотени и раскокодакани бели како сирење или црни катран, ама сите од ред незаинтересирани, навидум за нас воајерите и коментатори а ла Милка Бабовиќ. Многу од нив се во купаќи, што би се рекло, зарем да ја пропуштат убавата река што жубори тука пред носот, па тие дошле од којзнае каде за трошрње на убавините и пријатностите на овие простори. Бргу доаѓа ноќта и на нашиот престој му помина времето па ние сме на поминување за Официрска бавча недалеку од тука.

Култен угостителски објект во сопственост на ЈНА. Тоа одма значи не може да влезе и престојува секој како што ќе му текне.На врата стојат дежурни војничиња и не проверуваат дали сме со пропусници или не и лиги им течат кога крај нив ќе пролета некоја наша убава сограѓанка (да бидам можеби попустлив спрема скопјанките само убавите доаѓаа во бавчата). Свират и се разбира и пејат Даниела Панчетовиќ и Вихори. Со неа се нејзините браќа Зоран и Лаки и моите маалчани Цуно и Моме. Цуно ми е соученик од гимназија и прв комшија од Циган маало,а Моме исто така маалец од железничката зграда карши амбулантата на Бетон и здравствениот дом на железничарите на главната улица. Двајцата свиреа пред нас музички дунстери препознатливи работи од Елвис Присли но и од мањифико-за мерак.Нивната музика е од различен жанр но свиреа и музика за игра-се знае танго стискавац,па рок и твист....и се така по ред. Скопските познати тепачи и закачковци од типот што ме гледаш...а не ме гледаш значи ја лажам(доволна причина за жежок шамар најмалку и чалам пред сите)не доаѓаа до израз зашто војнициве не дозволуваа закачки и тепачки-надвор што сакате правите вадите си очи....

Во истиот ред покрај Вардар беа и Опатија и Градска Плажа објекти од класичен тип. Музика со Смолски и Муарем, а до нив Миле Паника со некој предмет во рацете што имитира инструмент......Уште една ноќ е зад нас....полека се прибираме полни со впечатоци.Несвесни дека времето лета ли лета и еве не во овие години и ова Скопје- само љубовта спрема него и спрема некого од саканиот град вечно трае!   

Мојсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок