Добивај вести на Viber
Пожар доцна синоќа ја пеплоса фабриката за сунѓер „Силпен“ во Кратово. Според противпожарните служби, нема повредени лица, но штетата е огромна.
Пожарникарите се обиделе со брза интервенција да го стават пожарот под контрола, но поради лесно запалливите суровини во објектот работата им била исклучително отежната. Ова предизвикало фабриката да изгори речиси до темел.
Причините за пожарот уште се утврдуваат, но се претпоставува дека огнената стихија ја предизвикала дотраена електрична инсталација во објектот.