Добивај вести на Viber
Меѓународен тендер објави министерството за екомонија во кој продава 1.4767.172 акции на фондот за пензиско и инвалидско осигуврување во поранешниот хемиски гигант ОХИС.
Загубарот се продава со обврски од 1,327 милијарди денари (21,58 милиони евра) и вкупно 790 вработени.
Заинтересираната компанијата за купување на ОХИС има обврска во период од пет години да ја задржи индустриска дејност и вкупниот број вработени. Во истиот период треба да реализира и нови инвестиции, а во период од три години да овозможи нови вработувања. Понудите ќе бидат отворени од стана на посебна комисија, а ќе се доставуваат до 8 јануари 2013 година.