18 Јануари, 2025
0.0363

Охридска банка отвори нова, современа експозитура во Штип

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Со цел да овозможи пријатна работна атмосфера за вработените и поголема достапност на услугите за своите клиенти во Штип, Охридска банка ги дислоцираше своите простории, на атрактивна локација во градот, информираат од банката. Новата експозитура ја отворија Претседателот на Управниот одбор на Охридска банка, г-ѓа Јитка Пантучкова и градоначалникот на општина Штип, г. Илчо Захариев, во присуство на почесни гости, стопанственици и вработени. „Нашата денешна причина за славење е свеченото отворање на новите простории на експозитурата. Штип е многу значаен град и регион за Охридска банка затоа што тука опслужуваме важни BIC и SME клиенти. Исто така имаме и значајно портфолио на индивидуални клиенти. Сметаме дека брзото темпо на живеење ја наметна потребата од отворање на една ваква добро опремена експозитура, со десет работни единици кои ќе го сведат на минимум чекањето и ќе помогнат за брзо и ефикасно извршување на трансакциите на нашите клиенти “ – истакна Јитка Пантучкова. „Охридска банка е важен партнер на штипското стопанство и на граѓаните. Трансферот на средства и пари кои ќе ги направи банката ќе значат развој за нашиот град. Самото мото, „Здружени сме посилни“ ја покажува синтезата што Охридска банка ја прави со нашата бизнис заедница. Ви посакувам голем успех во новите простории, нека значи раст, и среќен сум што Штип е дел од една огромна банка која е присутна во голем број земји во светот, а ние сме дел од тој свет“ - рече Илчо Захариев. Охридска банка уште еднаш ја потврди својата хуманост и грижа за најранливите слоеви во општеството со донација на клима уреди на Клиничкиот центар во Штип и на државното средно училиште за деца со посебни образовни потреби - Искра. Исто така беа доделени две монографии од нумизматичката колекција на Охридска банка за библиотеките на средните училишта „Славчо Стојменски“ и „Коле Нехтенин“ од Штип. Со цел да ја покаже својата грижа за функционирањето и развојот на општината, Охридска банка ќе биде еден од спонзорите на штипската модна недела која ќе се одржи од 26 – 29 септември 2013 година. Дислокацијата на експозитурата во поголеми простории отвора можност за подобрување на квалитетот на услугата, што се очекува да придонесе кон зголемување на бројот на нови клиенти.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ