Добивај вести на Viber
Петте охридски јавни претпријатија кои со години работеа со долгови, финансиски ќе се стабилизираат со намалување на цените на сопствените услуги, информира Алфа.
Анализирајќи го нивното работење, новата локална власт констатирала дека овие претпријатијата дебело ги наплатувале своите услуги, па така општината морала да ангажира приватни фирми. Затоа општинските претпријатија сега ги корегираат цените.
Опозицијата во градскиот Совет ги поддржа одлуките за корекција на цените на услугите кои ги вршат јавните претпријатија со цел да се постигне конкурентност на пазарот на трудот.