Охридските полицајци си викнаа помош – од Србија!
Објавено во: Мои пари 18 Јули, 2013
Срски полицајци ќе им помагаат на своите колеги од Охрид, па почнувајќи од денеска, па до средината на септември охридските полицајци ќе парават заеднички полициски контроли низ градот и по крајбрежјето заедно со униформирани службени лица на Полицијата на Република Србија.
Како што информираше портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски, станува збор за реализација на Договор за полициската сорабокта меѓу министерствата за внатрешни работи на двете држави. Целта е да се зголеми безбедност на српските туристи кои летуваат во Охрид.
Тимовите ќе бидат составени од по двајца полицајци, Србин и Македонец кои ќе патролираат во две смени. Полицајците од полициските управи на Белград и Ниш ќе бидат задолжени главно за гостите од Србија.
„Нивните активности ќе имаат исклучиво превентивен карактер, полициските службеници од Србија нема да имаат службено оружје“, истакна Димоски.
За време на денешната прес конференција, Драган Лукиќ, еден од српските полицајци истакна дека наишол на позитивни реакции.
„Луѓето секако ја препознаваат нашата униформа, се интересираат за соработката на српските и македонските полицајци“, изјави Лукиќ.