26 Април, 2024
0.0381

Охриѓани се капат покрај рушевините на „Немо“: Без шанкови ни е поубаво

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

На плажата „Немо“ во Охрид деновиве има луѓе, и покрај тоа што пред две недели беа целосно срушени шанковите, потпорните ѕидови, бетонските конструкции и останатата урбана опрема на плажата.


Доаѓаат главно охриѓани кои уживаат во неверојатно високата температура на езерото која не е својствена за почетокот на јули. Атмосферата на плажата е излетничка, луѓето ја користат со сопствени реквизити и не им пречи тоа што изгледа несредено и многу поразлично од лани. Тобоганот на кој секоја година му се радуваа најмладите, исто така не работи.


„Вака ни е поубаво, нема лежалки, нема гласна музика, а и сенките под дрвата се слободни, порано беа зафатени со масите и столчињата од кафулињата“, ни рече еден повозрасен охриѓанец.


„Немо“ или „Горица 3“ е една од најпопуларните охридски плажи. Цената за изнајмување лежалка варираше во текот на летотото. Од 150 на почетокот на сезоната, до 250 за време на Илинден кога Охрид е најполн.


Реквизитите на плажата беа срушени поради тоа што на закупците откако им истекла  концесијата работеле на диво, па на основа на тоа Владата донесе Уредба тие да се вратат во првобитна состојба.  (М.Џ.) 


Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката