01 Мај, 2024
0.0296

OJO да ја отфрли кривичната пријава кон Момировски и Милосављевиќ

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Скопје да ја отфрли кривичната пријава од Агенцијата за разузнавање за новинарот Горан Момировски и Драган Милосављевиќ. Пред извесно време, како што посочуваат од ЗНМ, Момировски и Милосављевиќ беа поканети за давање исказ во ОЈО, а повод за ова е емисијата која се емитува на ТВ Алфа со наслов „Заспиј ако можеш“ од 11 јануари 2021 година.

– Укажуваме дека кривичен прогон кон новинари за дела за кои се предвидуваат повеќе години затвор, посебно од страна на безбедносни структури може дополнително да ја загрозат и така кревката слобода на изразување во нашата земја. Вакви постапки може да се толкуваат како притисок кон јавна критика посебно земајќи во предвид дека оваа емисија е објавена во јануари 2021 година, а засегнатите се повикани на давање на исказ во ОЈО кон крајот на ноември или речиси девет месеци подоцна, наведуваат од ЗНМ.

Додаваат дека новинарите имаат и право и обврска да се занимаваат и со теми кои се поврзани со националната безбедност, почитувајќи ги во целост етичките и професионалните стандарди во работењето и следејќи го јавниот интерес.

– Доколку Агенцијата за разузнавање или која било друга институција има незадоволство од начинот на кој новинарите или медиумите известуваат за нивната работа ги охрабруваме да ги користат само/регулативните механизми. Поднесување на претставки до Советот за етика или Советот за чест е најдобар начин да се утврди дали известувањето е во согласност со Етичките принципи и стандарди на новинарската професија. Кривичните тужби кон новинари беа честа пракса во минатото и поради нив Македонија драстично падна на сите кредибилни индекси за слободата на изразување и беше перципирана како држава во која слободата на изразување и правото на информирање е ограничено, велат од ЗНМ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија