Околу 150 илјади граѓани го посетиле „Вино-Скоп 2013“
Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2013
„Вино-Скоп 2013“ што се одржа од 16-ти до 20-ти октомври на плоштадот „Македонија“ го посетија околу 150 илјади граѓани.
На оваа традиционална манифестација посетителите имаа можност да вкусат над 100 различни видови вино од 20-тина македонски и странски винарии. На „Вино-Скоп 2013“ со свои производи учествуваа винариите-Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Шато Сопот, Попов, Пивка, Попова Кула, Картал, Шато Камник, Далвина, Визба Валандово, Вардарска долина, Брушани, Изворно, Дудин, Вековник и дестилеријата Бахус КМС- Алтан.
Освен вино, имаше и богат избор на храна. Посетителите и годинава имаа можност да си купат чаши, беџови, маички, дуксери..., а продажбата се реализираше исклучиво со фестивалски купони.
Годинава на фестивалот беа застапени повеќе музички правци, а најмногу етно и рок музиката.
На затворањето на фестивалот, присуствуваа градоначалниците на Град Скопје, Прилеп и Битола Коце Трајановски, Марјан Ристески и Владимир Талевски.