16 Мај, 2024
0.0311

ОКТА со предновогодишни изненадувања за децата со посебни потреби

Објавено во: Стил 28 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

ОКТА  ги израдува децата од училиштата Златен Сремец, Иднина и Св. Наум Охридски со новогодишни подароци. Како дел од предновогодишното изненадување што компанијата традиционално го организира за децата со посебни потреби, беше и Дедо Мраз кој во празнична атмосфера им ги подели подароците.

„Ова е деветта година по ред како ОКТА им приредува предновогодишно изненадување на децата со посебни потреби од овие училишта. Имајќи ја предвид радоста и возбудата со која не дочекуваат секоја година, неминовно оваа наша донација прераснува во традиција.

Како одговорен партнер на заедницата, веруваме дека  сите деца заслужуваат да добијат посебно внимание, како и да ја почувствуваат магијата на новогодишните празници. Среќни сме што повторно успеавме да измамиме насмевка на нивните лица“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

Покрај донацијата, ОКТА приреди и предновогодишна забава за дечињата и дружење со познатите македонски поп ѕвезди, Ренната Кралевска и Виктор Апостоловски. Трите училишта бројат околу 400 деца со посебни потреби, а вработените во тие установи велат дека децата со нетрпение ги очекуваат и им се радуваат на ваквите посети.