20 Декември, 2025
0.0879

Оланд ги налути министрите

Објавено во: Свет 14 Април, 2013 16:30

Добивај вести на Viber

Во понеделник се очекува бура поради пописот на имотот во сопственост на француските министри, со разоткривање на неколку милионери во социјалистичката влада. Тоа ќе биде прв пат во Франција некој претседател, Франсоа Оланд, да објави листа на банкарските сметки и имотна состојба на сите 38 министри, во обид да се намали незадоволството на јавноста поради тоа што неговиот поранешен министер за финансии призна дека лажел за неговата тајна сметка во една швајцарска банка. На листата сепак нема да бидат прикажани нивните удели во компаниите, но се очекува да бидат откриени богатства доволно за да предизвикаат гнев против т.н. кавијарска левица, во земјата во која што презирот спрема прекумерното збогатување е дел од културата. На врвот на листата може да се најде министерот за надворешни работи Лорен Фабиус, најстариот и најискусен министер на Оланд, но исто така и најбогатиот, чие богатство се проценува на неколку милиони евра, кое во голема мера е од наследени уметности. -Ризикува.  Тоа е ризик на транспарентност”, призна еден висок владин претставник кој побара да остане анонимен, додавајќи со воздишка: Во Франција финасиската состојба на поединец се гледа како приватна работа, додека службеници и вработените во јавниот сектор во голем број земји, вклучувајќи ги и САД, редовно објавуваат информации за своите средства и обврски за данок. Оланд, кој во 2007 година ги доби гласачите врз основа на изјавата дека не му се допаѓаат богатите, сака во април да донесе закон со кој ќе ги примора и пратениците да го пријавуваат својот имот. Кајизак, министерот за финансии, кој минатиот месец поднесе оставка и сега е под истрага за даночно затајување, пописот на имотот на политичарите може да предизвика спротивен ефект, односно да доведе до повик да “летаат глави”. Опозицијата, се разбира се противи на овој потег. Оланд секогаш зборуваше јасно за тоа како не ги сака парите, посочувајќи го тоа како нешто што го издвојува од Доминик Штраус Кан, поранешниот кандидат за претседател чија поранешна сопруга е наследничка на милионско богатство. Пред десет години, Оланд рече дека секој кој заработува повеќе од 4000 евра месечно треба да се вбројува меѓу богатите, а сега се обидува да наметне данок од 75% на годишно ниво за секој кој годишно заработува повеќе од еден милион евра.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја