20 Декември, 2025
0.0378

Оланд ги повика француските компании да инвестираат во Грција

Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2015 15:07

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил во интервју за весникот „Kathimerini“ само неколку часа пред посетата на Атина дека ќе ги охрабри француските компании да започнат со активности во Грција, за да и помогнат на земјата да ја надмине финансиската криза.

Оланд изјавил дека ќе се сретне со претставници на француските компании во Грција за време на дводневната посета, за да покаже поддршка за левата влада на Алексис Ципрас, кој се обидува да ги задоволи условите за новиот спасувачки заем.

Оланд се обидува да ги поправи односите со радикалното крило на социјалистичката партија и со други левичарски групи, додека во исто време се стреми да спроведе пробизнис реформи во Франција. Една поделена левица би забележала тешки загуби на сметка на десницата и крајните десничарски партии на локалните избори во декември.

Тој силно го поддржува местото на Грција во еврозоната и драматичните напори на новата лева влада во склучувањето на новиот спасувачки заем со доверителите и покрај тешките преговори.

„Доаѓам во Атина, за да ја пренесам поддршката од Франција и да испратам порака до секој, и најмногу кон француските бизниси: Инвестирајте во Грција“, изјавил тој во интервју за весникот „Kathimerini“.

Грција мора да спроведе серија реформи, за да го заврши првиот извештај за спасувачкиот заем и рекапитализација на банките до крајот на годината, за да може да започне преговори за отпишување на долгот.

„Програмата е задолжителна, роковите се кратки, но време е Грција да ја надмине кризата еднаш засекогаш“, изјавил Оланд за весникот. „Ќе бидам таму за да им помогне, како и секогаш сум го правел на масата на преговори во Европскиот совет“.

На прашањето дали го отпишува излегувањето на Грција од еврозоната како опција, Оланд одговорил: „Да. Оваа тема припаѓа на минатото“.

Тој додава дека грчкиот народ веќе дал големи жртви, но растот ќе се врати во земјата, ако се придржува кон реформите.

Француските компании покажале интерес за грчката приватизација, голем дел од стратегијата на земјата за задоволување на условите за спасувачкиот заем.

Поделба на француската железничка компанија „SNCF Participations“ беше помеѓу избраните во тендерот за продажба на грчкиот железнички оператор „Trainose“ во 2013 година. „Alstom“ исто така, изрази интерес за купување на акции на грчкиот железнички оператор.

На Грција и е определен рок до декември за поднесување на обврзувачки понуди за двете компании.

Во меѓувреме европскиот економски комесар Пјер Московичи, изјавил дека има напредок со реформите на грчката влада и кредиторите ќе ја обезбедат следната рата за 3 милијарди евра, дел од спасувачката програма на земјата.

„Грција спроведе некои реформи и ќе им дадеме пари, вкупно 3 милијарди евра“, изјавил Московичи за радиото „Europe 1“.

„Во ноември, декември, ќе се занимаваме со прашањето за рекапитализација на грчките банки и грчкиот долг“, додал уште тој.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација