24 Ноември, 2024
0.0295

ОЛЕСНЕТИ ЗА СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА - колку пари државата собра од граѓаните што не го почитуваа полицискиот час

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Државата можеби ќе изгуби милионски суми пари како и сите други земји поради корона кризата, пред се заради големата загуба во приходите поради помалку собраните даноци и зголемените трошоци за здравствениот сектор, но затоа и собра некоја „паричка“ од големиот број казни и глоби кои се наплатени од граѓаните кои не го почитуваа полицискиот час и мерките за самоизолација. Тука влегуваат и мал број угостители, кои, и покрај тоа што локалите не работат, во своите објекти послужувале храна и пијалоци.

Според нашите проценки и пресметки, досега од вакви казни државата наплатила сума од најмалку 650 илјади евра, но можно е таа да изнесува и до еден милион евра.

Фактор се интересираше колку пари се собрани од глоби за непочитување на државните рестриктивни мерки, со оглед на тоа што Јавното обвинителство буквално секојдневно информира за глоби кои им се изречени на голем број граѓани.

Од Јавното обвинителство велат дека колку пари се собрани од казни тие немаат евиденција, бидејќи обвинителството само поднесува предлог за издавање на казнен налог, во кој е наведено колку дневни глоби тгреба да плати лицето и колку ќе изнесува висината на глобата, но потоа Кривичниот суд е тој што ја одмерува казната, односно може или да ја прифати таа на Обвинителството, или да одреди друга сума.

„Исто така, судот се грижи и за извршување на казната, како и за роковите до кога граѓаните треба да ја платат. Тој, исто така, одредува дали и кои граѓани, доколку не ја платиле казната, таа ќе мора да им се замени со затвор“, објаснуваат од Обвинителството. 

Најчесто обвинителството одредува дневни глоби во износ од 20 евра, но може да се случи тие да бидат и на друг износ.

Во принцип, една дневна глоба, се заменува со еден ден затвор, доколку лицето не сака да ја плати паричната казна. Според нашите информации, граѓаните веќе почнале да си ги плаќаат казните, а многу мал дел од нив доставиле жалби.

Јавното обвинителство има збирна инфрормација за тоа колку сите републички јавни обвинителства имаат изречено глоби, и тоа од почетокот на корона кризата некаде на средината на март, па се до први мај. Од неа може да се види колку дневни глоби изрекло секое обвинителство, и на која сума биле тие. Се случува и износот на глобата да не е е одреден. Фактор направи пресметки врз основа на бројот на глобите и нивната висина, со тоа што таму каде што тоа не беше прецизирано, одевме со претпоставки дека станува збор за просечните суми. За оваа пресметка не тврдиме дека е целосно точна, бидејќи не знаеме како пресудиле судовите.

Според нашите математики, вкупно обвинителствата за време на корона кризата наплатиле 654.810 евра. Сепак, под претпоставка дека овие глоби некогаш се однесуваат и за повеќе лица, можно е оваа сума да достигне и до еден милион евра.

Гледано по обвинителства, ОЈО Кавадарци наплатило глоби од 33.200 евра. Таму се изречени голем број глоби од по 20 евра, има една казна од 8.000 денари, а има и вкупна глоба од 4.500 евра за обвинет лекар од Општата болница Кавадарци, бидејќи не смеел, а одел на работа.

ОЈО Гостивар, пак, изрекле глоби од 48.500 евра, при што оваа сума е под претпоставка, бидејќи од ова обвинителство не го навеле точниот износ на глобите, кои се во прилично голем број.

Струмичани кои не го почитувале полицискиот час или самоизолацијата платиле огромна сума за глоби, дури 76.500 евра. ОЈО Струмица изрекло голем број дневни глоби, од кои некои по 10, други по 20, а некои по 40 евра.

Сума од 29 илјади евра платиле Кумановчани, каде имало глоби од по 10 и 20 евра, а била одредена и една парична казна од 6.000 евра. Прилепското ОЈО издало предлози за глоби од 38.000 евра, а многу мала сума на глоби, само 3.000 евра се изречени во Дебар, каде што прво се појави жариштето, а сега веќе нема позитивни. ОЈО Кочани изрекло глоби од 12 илјади евра.

Скопското јавно обвинителство изрекло глоби на сума од 84.500 евра. На подрачјето на главниот град за прекршувањата биле издадени голем број глоби, најчесто на суми од 20 и 25 евра. 

ОЈО Струга исто така добиле голема сума, од 78 илјади евра, а глобите им биле повисоки, од 30 до 40 евра. ОЈО Ресен ги олесниле граѓаните од 18 илјади евра, Кичевското обвинителство за 4.000 илјади, а Охридското за 5.000 евра.

Голема сума од 60.500 евра треба или платиле граѓаните од Штип, каде се изречени голем број глоби на износи од 10 до 30 евра. Сума од 7.840 евра треба да платат во Свети Николе, 2.850 во Берово и 12 илјади евра се олеснети за казни граѓаните на Радовиш. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина