Оливер Спасовски: Ги осудувам сите клубови што ги отвораат
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2022 10:19
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека добри односи меѓу соседи не се градат со провокации, како што е отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид пред шест дена.
„Ги осудувам сите овие клубови кои што ги отвораат токму во овој момент. Секој од нас може да постави прашање, зошто досега не се отвораа вакви клубови, туку токму сега, кога започна интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија?! Јас сум еден од тие кој инсистира државата да изнајде механизми за да се забрани регистрација на било какви клубови кои што, пред сѐ, ќе ги повредуваат националните чувства на македонскиот народ, македонските граѓани и на Република Северна Македонија. И тие механизми мора да се изнајдат! Ние затоа, како Влада направивме едно тело кое ќе ги разгледува сите иницијативи во овој дел, меѓутоа сметам дека треба да се размислува и во делот на посебни законски одредби кои што ќе овозможат да се создаде механизам на заштита“, истакна Спасовски во утринската емисија на МТВ.
Според министерот, нема логика да се промовираат имиња на фашисти по клубови ако една земја сака да се оттргне од своето фашистичко минато и го повтори ставот кој го наведе пред една недела за отворањето на клубот „Цар Борис Трети“.
„Апсолутно сум против отворање на вакви клубови, апсолутно сум против секаква провокација без разлика од каде доаѓа, заради тоа што денеска е момент кога треба да градиме добри односи“, изјави Спасовски.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




