26 Јуни, 2024
0.0336

ОМД се сретна со Ковачевски и Османи во САД и им кажа дека има многу Албанци во Владата

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Обединетата Македонска Дијапора, невладина организација на иселениците во САД, соопшти дека оствари средба со премиерот, Димитар Ковачевски, во амбасадата во Вашингтон. На средбата со претседателството на ОМД присуствувале и министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорот Зоран Попов.

Како што велат од таму, на премиерт Ковачевски, кој е во своја прва официјална посета на САД откако е шеф на Владата, му било кажано дека ова претставничко тело на македонската дијаспора не се согласува со уставните измени и со тоа што има непропорционално застапен број на министри во Владата од другите етнички заедници.

„ОМД ги потврди и изрази своите долгогодишни ставови против промената на името како и било какви уставни промени како услов за почетокот за преговорите за членство во Европската Унија и последиците кои доаѓаат со тие измени. ОМД посочи дека во Македонија малцинствата ги уживаат сите демократски права, и дека во ниедна друга држава во Европа нема толку министерски позиции застапени од страната на малцинствата. ОМД посочи дека правата на Македонците во соседните земји се тотално обесправени. 

ОМД и Премиерот Ковачевски имаа отворена дискусија околу унапредување на односите со дијаспората - најголемиот промотор и амбасадор на Македонија ширум светот. ОМД побара дигитилизација на сите услуги кои и се достапни на дијаспората преку дипломатско-конзуларните претставништва, посебно во врска со издавање или обновување на биометриски лични документи.

ОМД го поздрави стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД. ОМД активно се залага за потпишување на договор помеѓу Македонија и САД против двојно оданочување, како и за тоа Македонија да стане дел од листата на земји со безвизен режим. ОМД изрази благодарност за отворената врата на Амбасадорот Зоран Попов, како и премиерот Димитар Ковачевски за отворениот дијалог и ќе продолжи со своите напори во зголемување на поддршката за Македонија во Конгресот на САД преку Групата за Пријателство со Македонија и македонско-американската заедница во која членуваат 37."гласи соопштението


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели