27 Април, 2024
0.0306

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Раскошниот автобиографски роман „Лекцијата на месечарот“, од португалскиот писател Фредерико Педреира, ќе биде претставен пред македонската публика со онлајн-промоција, која ќе се одржи в петок (29 март), со почеток во 19 часот. Во разговорот со авторот, кој ќе може да се проследи на  фејсбук-страницата на „Арс Ламина“, ќе се вклучат уредничката Бисера Бендевска и преведувачката од португалски јазик, Весела Моловска.

Книгата е дел едиција „Порта Европа“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Дизајнот на корицата е дело на дизајнерката Катерина Соколова, чиешто идејно решение беше избрано за победничко на конкурсот за млади дизајнери во рамките на проектот „Порта Европа“.

„Лекцијата на месечарот“ е приказна за форматирањето на личноста на нараторот уште како дете, кое долгите летни распусти ги поминува во домот на своите баба и дедо, во митската „зелена куќа“, преполна спомени и предмети од предците што имаат света важност за него. Опседнатоста со бескрајното гледање на видеоснимката од финалето во Купот на европските шампиони во фудбал, помеѓу Милан и Бенфика во 1990 година, и деноноќното шутирање во замислениот гол во дворот, ја заменува со бедемите книги во библиотеката на неговиот прадедо, инаку личен пријател со Фернандо Песоа. Токму откривањето на чудесниот свет на книгите ќе го определат неговиот младешки пат и студиите по книжевност во странство. Далеку од детството и од „зелената куќа“, младиот човек првпат ќе ја преиспитува својата припадност во новата средина и идејата за космополитизмот. А, таму... го чека нова приказна.

Фредерико Педреира е роден во 1983 година, во Лисабон. Студира во Португалија и во Велика Британија, каде што се здобива со магистерска диплома на Универзитетот „Ројал Холовеј“ во Лондон. Завршува докторски студии по книжевна теорија на Универзитетот во Лисабон. Работи неколку професии: новинар, преведувач и книжар. Има објавено десетина книги: шест поетски збирки, два романа, книга со кратки раскази и збирка есеи. Преведува дела од Јејтс, Луиз Глик, Честертон, Орвел, Дикенс, Свифт, Велс, Харди, Банвил и Вирџинија Вулф. Во 2021 година ја добива книжевната награда на Европската унија за романот „Лекцијата на месечарот“. Неговото поле на интерес вклучува филозофија на јазикот, книжевна критика, скептицизам, перцепција, филозофите Лудвиг Витгенштајн и Стенли Кавел и критичарот на уметноста Мајкл Фрид.

„Лекцијата на месечарот“ е дел од проектот „Порта Европа“ во чии рамки се објавени шест извонредни прозни остварувања од млади европски автори, добитници на Европската награда за книжевност што ја доделува Европската унија.

Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk на следниот линк: https://www.literatura.mk/biografii-i-memoari-publicistika/49400-lekcijata-na-mesecarot

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком