26 Април, 2024
0.0272

Опаѓаат откупните цени на главните земјоделски производи

Објавено во: Колумни 31 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

   Откупот е најважен продолжен канал за примарните земјоделски производи. Висината на откупната цена е резултат на влијанието на различни фактори, особено во земји каде на откупната цена освен односот помеѓу понудата и побарувачката влијание имаат непазарни односи, државен протекционизам, договорен монопол на откупувачите (што е редовна појава во Македонија) и др.

  Условите на откупниот амбиент во Македонија не се менува повеќе години, што доведе до стагнација или опаѓање на откупните цени. Земјоделците секоја година изјавуваат дека цените се намалени во споредба со претходната година, но мислам дека оваа есен тие беа најголеми споредувајќи ги цените помеѓу последните две години. Тоа беше причина да направиме анализа и споредба на висината на откупните цени во последните пет години на најважните примарни земјоделски производи 25 на број. Сметаме дека овде спаѓаат и оние производи со чии цени земјоделците најчесто се незадоволни. (таб.1)

  Според податоците од Годишниот зборник на РМ 2018, откупната цена ја пресметавме со делење на вредноста на откупот со обемот на откупеното производство вкупно односно од земјоделски стопанства и задруги и од индивидуални производители. Споредбата на висината на овие цени помеѓу поедини години е несфатливо висока што покажува дека сепак имаат влијание на некои производи во некои години пазарните односи (понудата и побарувачката). Сепак, тешко е да се објасни зошто е откупната цена на пченицата пониска во 2017 година за 4,74 денари за килограм или пониска за 33,4% и покрај тоа што е обемот на понудената и откупената пченица во 2017 година помал за 30% во споредба со 2012 година (87,0 илјади тони и 64,3 илјади тони).

 

Таб.1  Петгодишни движења на откупните цени

                                                                                 во ден/кг-литар


   Што се однесува до вкупната понуда (производство) на пченица, таа во 2012 год. Изнесувала 259 илјади тони, а 2017 година 200 илјади тони. Потребно ли е да потсетиме дека пченицата е перманентно дефицитарен производ, што значи дека вкупната понуда (производство) не може да ја задоволи домашната понуда, па сепак ако се споредат цените од 2012 година до 2017 година ќе се види постојано опаѓање на откупната цена (таб.1). Ваквото движење  на откупната  цена  која нема врска со реални пазарни движења покажува несоодветна аграрна политика дел од која се изразува со договорен монопол на откупувачите со ресорниот министер што секоја година формираат цена која не ги задоволува производителите,  но од друга страна нивната (на производителите) неорганизираност овозможува такви откупни цени. Слична ситуација е и со откупните цени на пченката која во 2017 година во однос на 2012 година е пониска за 29%, додека кај оризот (арпа) цената е скоро иста, меѓутоа имала сериозни падови, а и сериозни порасти во овие пет години.  Таква е положбата кај житата.

  Кај добиточните производи откупните цени кај сите се пониски во 2017 година освен кај јајцата. И овде нема разумно објаснување- зошто цените на свињи, говеда, јуниња опаднале кога имаме сериозни недоволни количини за задоволување на домашниот пазар.

  Кај зеленчукот, цените се нешто повисоки во 2017 година, а најголема разлика има кај доматите.

  Повисоки цени во 2017 година се постигнати кај јаболките за јадење, само е намалена цената на јаболките за преработка, додека грозјето имало приближно исти цени, а кај виното  пораст за 8,4 ден/литар.

  Кај сончогледот цените во 2017 година била повисока (од 2015 год.), за 18,4 денари по кг. Сериозно зголемување на откупната цена е постигнато на тутун,  која е повисока за  36,74  ден. по кг. во 2017 во однос на 2015 год.

  Медот исто така има нешто зголемена откупна  цена за 47,21 денари по кг.во 2017 година во однос на 2015 год.

  Интересно е дека во вредноста на вкупниот откуп од околу 16 милијарди денари, највисоко учество има откупната вредност на млеко и млечни производи од близу 19% потоа зеленчукот учествува со вредност на вкупниот откуп во 2017 година  со 9%, потоа е вредноста на откупениот добиток па житата итн. Индивидуалните производители оствариле приход од  производи на откуп околу 9 милијарди денари што  претставува 57,40%, додека земјоделските стопанства и задруги  учествуваат со 42,59%. во вкупната вредност на откупот.

  Вакво намалување на откупните цени би требало да ја загрижи државата, а сликата се влошува ако се знае дека овие откупни цени не се дефлацирани,  (која изнесува 2,5%).  Уште повеќе  вакви опадачки  тенденции на откупните цени  би требало да ги поттикне производителите и нивните асоцијации (ако ги има?) да преземат активности зошто вака ниски цени ја зголемуваат земјоделската сиромаштија.


Проф. Б.Анакиев, Проф. Р.Кабранова

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД