19 Мај, 2024
0.0316

ОПАСНА МИСИЈА, БОРБА ИЛИ ПРЕСТРЕЛКА: Еве колку новинари се убиени низ светот во 2015 година

Објавено во: Свет 29 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Оваа година во светот се убиени 69 новинари, 28 од нив - од исламистичките екстремистички групи како „Ал каеда“ и „Исламска држава“, соопшти седиштето во Њујорк на Комитетот за заштита на новинарите (КЗЖ), цитиран од агенциите и американските медиуми. За споредба бројот на убиени новинари во 2014 година е 61 лице.

Во годишната анализа Комитетот нагласува дека во две третини од случаите оваа година станува збор за планирани убиства. Претставниците на медиумите го изгубиле својот живот при извршувањето на своите должности. Некои се убиени поради своите материјали, други - поради борби или престрелка, трети - во други опасни мисии.

Најмногу новинари се убиени оваа година во Сирија - 13 лица. По неа во мрачната статистика е рангирана Франција со деветмина. Бројот на убиените во Ирак, Бразил, Бангладеш, Јужен Судан и Јемен се зголеми, со што секоја година од овие земји се пријавени барем по пет убиства на новинари.

Според „КЗЖ“ во периодот од 2012 до 2014 година бројот на новинари, кои загинале или биле убиени во Сирија, значително е повисок за разлика во останатите делови на светот, додека оваа година во земјата се забележува пад, делумно поради помалата бројка на новинари кои работат таму.

Франција влегува за прв пат во листата поради новинарите, убиени во јануари во нападот врз списанието „Шарли ебдо“.

Во одделен извештај друга меѓународна новинарска организација - „Репортери без граници“ - соопштува за 67 претставници на медиумите, убиени оваа година при извршување на своите должности. Според податоците на организацијата со седиште во Париз во 2014 година тие биле 66.

„Репортери без граници“ забележува дека оваа година се убиени исто така 27 граѓански новинари (блогери) и седум соработници на медиумите.

Со седиште во Берлин огранок на организацијата пријавил уште 43 случаи во кои мотивите за убиството остануваат неразјаснети.

Во црната листа на „Репортери без граници“ за 2015 година најмногу убиени новинари имало во Ирак и Сирија, проследено со Франција, Јемен, Јужен Судан, Индија, Мексико и Филипините. Според организацијата во Ирак и Сирија биле убиени девет новинари, а во Франција - осум од вкупно 12 жртви во нападите над списанието „Шарли ебдо“.

Нападот врз списанието сведочи за нервозен тренд од 2014 година, кога две третини од загинатите новинари во светот биле убиени во зони на вооружени конфликти. Оваа година е спротивно - две третини од новинарите се убиени во области каде што нема војна, посочуваат од „Репортери без граници“, инсистирајќи „итно да биде назначен специјален претставник за заштита на новинарите кон генералниот секретар на ОН“.

Од 2005 година во врска со својата работа се убиени најмалку 787 новинари, покажуваат податоците на организацијата.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети