16 Јануари, 2025
0.1156

Опозицијата бара итни мерки за борба со загадувањето

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Веднаш штом ќе се зголеми загадувањето на воздухот во Скопје треба да се воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани, а сите што ќе изберат греење на чисти и нови извори на енергија да добијат субвенции од градските власти - ова се предлозите на опозицијата за борба против растечката загаденост во главниот град. Советниците на СДСМ во Градот Скопје сметаат дека не се преземаат мерки за да се спречи загадувањето на воздухот. На нивно барање во Советот на Град Скопје денеска се расправаше за мерките што има намера да ги преземе градот во следниот период. Сепак, тие се уште се само во фаза на планирање. „Сериозно сме загрижени дека и оваа година на Скопје ќе му се случи еколошка катастрофа со загадувањето на воздухот. Сметаме дека на овој проблем мора да му се даде многу посериозен пристап и дека Трајановски не смееше да чека повеќе од еден месец за да дебатираме за овој проблем. Граѓаните на Скопје заслужуваат многу посериозен пристап од страна на нивниот градоначалник“, вели Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски признава дека мерките се уште не се официјално донесени. Во програмата, градските власти меѓу другото планираат возење по принципот пар-непар, бесплатен автобус, возење по обиколни улици, прскањето на улиците против прашина. Но, најрано би можеле да воведат следната година и тоа ако 10 дена по ред загаденоста на воздухот е зголемена. Бесплатниот автобуски превоз за сите граѓани ќе зависи од можноста на јавното сообраќајно претпријатие финансиски да издржи една таква мерка и дали има доволно возачи и автобуси да одговорат на таква задача. Мерните инструменти на Министерството за животна средина и денеска регистрираа зголемена загаденост на воздухот во повеќето општини во главниот град. Нешто почист воздух дишеа само жителите на Карпош.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки