Добивај вести на Viber
Изградбата на каналот од Белград за Солун ги скара власта и опозицијата во Србија. Опозицијата смета дека проектот скапо ќе ја чини и сериозно ќе ја задолжи Србија, додека министерот Милан Бачевиќ замина за Кина за да преговара со тамошните компании за изградба на пловниот канал кој ќе минува и низ Македонија.
„Тој ќе придонесе многу за развојот на земјата“, изјави државниот секретар во Министерството за градежништво и урбанистичко планирање Миодраг Јоциќ, кој посочува дека идејата е стара 100 години, пренесе Танјуг.
Српската опозиција се сомнева во ваквите тврдење, посебно отако во јавноста беше објавен податокот дека ваквата инвестиција ќеда чини околу 12 милијарди долари.
„Министерот Бачевиќ денес е во Кина, а ние од Демократската странка прашуваме што ако тој биде успешен. Слушаме дека сака да ја задолжи Србија за дополнителни 12 милијарди долари за да го изгради каналот до Солун. Оваа влада нè задолжи за повеќе од 2 милијарди евра за 6 месеци“, истакна рече Божидар Ѓелиќ, пратеник на ДС во Скупштината, кој потсети на неодамнешното задолжување на земјата од Русија со 800 милиони долари и побара да се објасни што се случува и дали земјата ќе падне во „должничко ропство.“
И либералите ја критикуваа идејата за изградба на каналот до Солун, нарекувајќи ја нереална, со оглед на тоа што земјата нема ниеден ресурс за реализација на таков проект.
„Ова е Влада на полуприватни проекти и во овој контекст го толкувам патот за Кина на г-дин Бачевиќ. Она што пред неколку години беше беше идејата за 400.000 работни места каде говорници беа г-дин Тадиќ и г-дин Делиќ, исто тоа е и овој канал од 12 милијарди долари,“ изјави Бојан Ѓуриќ од ЛДП.
Каде ќе поминува каналот?
Тој треба да се движи по реката Дунав во близина на Смедерево. На тој дел од Морава и сега е можно да се плови ако се исчисти речниот ток. Но, многу работа ќе има малку појужно, а во овој дел од протокот каналот ќе мора да се направи така што ќе се прошири речниот ток и додатно ќе се регулира. Конечно, можеби и најголемиот проблем претставува јужниот дел на Србија, каде што треба да се изгради сосема нов систем на канали и брани. Исто така и преку Македонија е потребно да се прошири реката Вардар проток, додека на пред Егејското Море и Солун овој воден пат веќе може да се користи, со мали измени, анализира Б92.
„Ќе биде потребно да се направи сериозна студија за количината на вода во горниот тек на Јужна Морава и нејзините притоки и Вардар. Ќе биде потребно да видите како на тоа реагираат во Македонија и Грција, кои се поврзани со каналот. Ќе бидат потребни за да се види какви се ефекти на енергетиката, каков сообраќај ќе се користи будејќи ние имаме многу широки реки кои не се искористени целосно ", вели Милан Ковачевиќ, советник за странски инвестиции.