Општина Аеродром ќе субвенционира дел од топлиот оброк на учениците
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2020
Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука да субвенционира дел од топлиот оброк на учениците во основните училишта на нејзината територија.
Семејствата што имаат ученици во дневен престој или во целодневна настава, како што информираат општинските власти, ќе добиваат по 500 денари месечно со цел да им се намалат трошоците за исхрана на родителите.
Општината ќе спроведе јавен повик на кој ќе може да учествуваат сите родители чии деца користат топол оброк во училиштата, a средства како што наведуваат се обезбедени во буџетот на Општина Аеродром за 2020 година.
Имено, од вчера ученици во таа општина почнаа да добиваат топол оброк.
Како што соопшти општината избраа е фирма за подготовка на топол оброк за учениците кој ќе биде со иста цена како и минатата година иако данокот годинава е 18 отсто наместо 5 отсто. „Добиено е известување од Управата за јавни приходи дека данокот оваа година ќе изнесува 18 отсто, за разлика од минатата година, кога родителите плаќаа по 5 отсто, така што цената за топол оброк ќе биде зголемена. Со цел да им излеземе во пресрет на родителите, донесена е одлука разликата во цената да се субвенционира од општинскиот буџет за 2020 година, што значи дека и оваа година родителите ќе плаќаат иста сума како и минатата година, односно 1 500 денари месечно“, соопштина од општина Аеродром.