06 Октомври, 2024
0.0345

Општина Карпош ќе се претстави на меѓународниот саем за општини во Југоисточна Европа NEXPO 2013

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Општина Карпош е единствената македонска општина што ќе учествува и ќе се претстави на најимпозантната манифестација на општини во Југоисточна Европа NEXPO 2013, која се одржува од 25 до 27 септември во Опатија и во Ријека, Република Хрватска. Организатор на овој најзначаен саем на локални власти во Југоисточна Европа е NALAS, мрежата која обединува 16 асоцијации на 8.000 локални власти од овој дел на Европа, директно избрани од повеќе од 80 милиони жители од регионот. На овој меѓународен саем на општини, на кој се очекува присуство на околу 250 градоначалници од ЈИЕ, високи претставници на Европската Унија и други функционери од регионот, освен локалните власти и здруженија, ќе се најдат на едно место повеќе развојни агенции, граѓански здруженија и бизнисмени од Европа и пошироко. NEXPO 2013 има цел да ја промовира улогата на локалните власти во процесот на децентрализација, поврзувањето и соработката во мрежата на општини, како и во изградба на регионални бизнис-врски и обезбедување одржлив развој на истите. Сепак, централни теми на дискусија на тридневниот Меѓународен саем на општини на Југоисточна Европа ќе бидат ЕУ-интеграциите и придонесот на локалните власти во таа насока, а во сферата на бизнисот и создавање на можности за инвестиции преку промоција на проекти од сферата на енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Овој меѓународен саем на општини годинава се очекува да има повеќе од 4.000 учесници, кои своите потенцијали ќе ги претстават на околу 4.000 квадратни метри изложбен простор. Општина Карпош, која важи за една од најурбаните и најразвиените општини во Република Македонија, ќе ја претстави првиот човек на локалната власт, градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој на тркалезната маса на градоначалници ќе говори за можностите и за придонесот што го имаат локалните власти во рамки на своите ингеренции, кон приближување на земјата во процесот кон пристапување на ЕУ, за сопствените искуства во користење средства од ЕУ-фондовите, за проширување на регионалната соработка, процесот на децентрализација и слично. Општина Карпош, исто така, пред потенцијалните инвеститори и експерти ќе им се прикаже и со своите проекти во областа на енергетска ефикасност и користењето обновливи извори на енергија, кои досега успешно се имплементираа кај повеќе колективни станбени објекти, институционални објекти (училиштата и градинките), во комуналната инфраструктура и во други подрачја на секојдневното живеење и функционирање на Општината.

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми