29 Април, 2024
0.1828

Орбан откри од кој би можел да биде победен на избори и кој му е најголем противник во Европа

Објавено во: Свет 29 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Неприкосновениот унгарски премиер Виктор Орбан објави дека италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини е "неговиот херој и сопатник", а како негов главен противник во Европа е францускиот претседател Емануел Macron.

Орбан по средбата во Милано додаде дека Салвини лесно би можел да победи на изборите во Унгарија, каде што "за среќа не може да учествува"

Двајцата конзервативни политичари се поддржувачи на тврдата струја во однос на мигрантите кои доаѓаат во Европа и тие меѓусебно ја потврдија согласноста на "одбраната на границите" пред имиграцијата.

"Нашата цел е да помогнеме каде што има проблеми, а не да увезуваме проблеми. Унгарија е доказ дека мигрантите можат да се запрат на копно", рече Орбан, чија земја монтираше бодликава жица низ стотици километри долж границата со Србија и Хрватска.

Тој додаде дека "целта на Салвини е да обезбеди мигрантите да се запрат на море".

Орбан го номинираше францускиот претседател Емануел Макрон како негов главен противник во Европа пред изборите на Европскиот парламент следната пролет.

"Постојат два табора во Европа и еден од нив е предводен од Макрон. Тој е во првите редови на политичките сили кои ја поддржуваат имиграцијата. Од друга страна, ние сме, тие кои сакаат да ја спречат илегалната имиграција", рече Орбан.

Запрашан за можно повлекување од Европската народна партија (ЕПП), каде што припаѓа неговата партија Фидес, Орбан изјави дека сака ЕПП првенствено "да стои на унгарската страна и на страната на народите на Европа".

"Се надевам дека овој состанок ќе биде прв во долга линија за промена на судбината на Италија, Унгарија и целиот европски континент", рече Салгини.

Според него, наскоро ќе биде потпишан договор со Германија за т.н. секундарни мигранти, оние кои се веќе регистрирани во друга европска земја.

Тој рече дека според овој договор Италија ќе биде подготвена да добие секундарни мигранти, под услов ист број мигранти да ја напуштат Италија.

Левите партии организираа протест во близина на состанокот на Орбан и Салгини.


Можеби ќе ве интересира

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)