20 Мај, 2025
0.0325

ОРБАН ПОВТОРНО ПРЕДИЗВИКА „БУРА“ ВО БРИСЕЛ! Драстична одлука во однос на Унгарија, пристигна жестока реакција и од Будимпешта

Објавено во: Свет 16 Јули, 2024 06:37

Добивај вести на Viber

Европската комисија одлучи денеска, да го намали учеството на неформалните министерски состаноци организирани од ротирачкото претседателство во Унгарија од политичко на официјално.

Тоа имаат намера да го направат со испраќање само високи функционери, а не комесари, најави портпаролот на Комисијата Ерик Мамер.

„Во светло на неодамнешните настани што го означија почетокот на унгарското претседателство, претседателот одлучи Комисијата да биде претставена на ниво на високи функционери“, објави Ерик Мамер на Икс.

Откажана е и посетата на Будимпешта во септември. Станува збор за традиционална посета на Комисијата на главниот град на земјата која го презема ротирачкото претседателство.

Според неофицијални информации, посетата на Комисијата на Будимпешта и средбата со унгарската влада првично беа планирани на самиот почеток на овој месец кога Унгарија го презеде претседателството, но потоа беше одложена за септември. Сега и тоа е откажано.

На 5 јули, унгарскиот премиер Орбан ненајавено отпатува за Москва и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, како прв лидер на земја членка на ЕУ од почетокот на руската агресија врз Украина. Леташе од Москва до Пекинг.

Пред посетата на Москва, тој за прв пат го посети Киев. Своите патувања ги нарекува „мировна мисија“, а на социјалните мрежи објавува видеа од тие патувања со логото на ротирачкото претседателство, од кои може да се заклучи дека тоа го прави во име на ЕУ.

Другите членки на ЕУ и европските институции го обвинуваат Орбан за злоупотреба на ротирачкото претседателство заговарајќи „прекин на огнот“ во Украина, ставот на Русија да ја задржи окупираната територија. Напорите на Орбан се во целосна спротивност со ставот на ЕУ, која сака да ја изолира Русија и дава целосна поддршка на Украина додека се обидува да ги врати насилно одземените територии, пишува „Курир.рс“.

Неофицијално, од дипломатски извори се дознава дека се размислува за бојкот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи, кој е планиран за 28 и 29 август во Будимпешта, за високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика да свика официјална средба на тие датуми во Брисел.

Се чини дека другите европски институции и земји-членки решија да одговорат на однесувањето на Унгарија за време на претседателството со политички бојкот на неформалните состаноци организирани од унгарската влада на нејзина територија, додека идејата за отстранување на претседателството изгледа неостварлива.

Унгарија денеска ја предупреди Европската комисија дека не може да ги избира институциите и земјите-членки со кои сака да соработува, откако претседателката Урсула фон дер Лајен одлучи наместо комесари да испраќа високи претставници на состаноци во Унгарија.

„Европската унија е меѓународна организација составена од нејзини земји-членки, а Комисијата е институција на ЕУ. Таа не може да избира институции и земји-членки со кои сака да соработува“, објави унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока на X. прашувајќи дали „сега сите одлуки на Комисијата се засноваат на политички причини“.

Можеби ќе ве интересира

УШАКОВ: Спречен е терористички напад во близина на Кремљ

УШАКОВ: Спречен е терористички напад во близина на Кремљ

НОВ ДЕФЕКТ ВО ШПАНИЈА, СЕГА ОСТАНАА БЕЗ ТЕЛЕФОНИ И ИНТЕРНЕТ, СИТЕ МОБИЛНИ МРЕЖИ ПАДНАА: Погодени се и некои линии за итни случаи

НОВ ДЕФЕКТ ВО ШПАНИЈА, СЕГА ОСТАНАА БЕЗ ТЕЛЕФОНИ И ИНТЕРНЕТ, СИТЕ МОБИЛНИ МРЕЖИ ПАДНАА: Погодени се и некои линии за итни случаи

„ПУТИН ГО НАДМУДРИ И ГО ПОНИЖИ ТРАМП“ – ШТО ПИШУВААТ БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР: Нема да му се допадне на американскиот претседател

„ПУТИН ГО НАДМУДРИ И ГО ПОНИЖИ ТРАМП“ – ШТО ПИШУВААТ БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР: Нема да му се допадне на американскиот претседател

ЗГОЛЕМЕНИ КОНТРОЛИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Проблеми за патниците

ЗГОЛЕМЕНИ КОНТРОЛИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Проблеми за патниците

ПУТИН МУ ГО ЧЕСТИТАШЕ РАЃАЊЕТО НА ВНУКОТ НА ТРАМП: „Владимир, можеш да се јавиш кога сакаш, со задоволство ќе одговорам и ќе разговарам со тебе“

ПУТИН МУ ГО ЧЕСТИТАШЕ РАЃАЊЕТО НА ВНУКОТ НА ТРАМП: „Владимир, можеш да се јавиш кога сакаш, со задоволство ќе одговорам и ќе разговарам со тебе“

ТРАМП ПО РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН: Разговорите меѓу Москва и Киев ќе почнат веднаш

ТРАМП ПО РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН: Разговорите меѓу Москва и Киев ќе почнат веднаш

АМЕРИКАНКА УЖИВА ДА ГИ „ОЖИВУВА“ ИМОТИТЕ: Си купила шест куќи по едно евро во Италија

АМЕРИКАНКА УЖИВА ДА ГИ „ОЖИВУВА“ ИМОТИТЕ: Си купила шест куќи по едно евро во Италија

И УКРАИНА САКА МИР: Зеленски формира проширена национална преговарачка група

И УКРАИНА САКА МИР: Зеленски формира проширена национална преговарачка група

ГИ УКИНУВААТ ПЕЧАТИТЕ: ЕУ воведува нов граничен систем

ГИ УКИНУВААТ ПЕЧАТИТЕ: ЕУ воведува нов граничен систем