21 Мај, 2025
0.0285

Висат ваучерите за клима уреди кои ги чекаат граѓаните

Објавено во: Економија 14 Јули, 2024 19:17

Добивај вести на Viber

Поради одземањето на ингеренциите од Министерството за економија и нивното преземање од новото Министерство за енергетика, во неизвесност е исплатата на ваучерите за клима уреди за илјадници граѓани, објави Алсат ТВ..

Министерството за економија и труд ги доведе во прашање двата јавни повици за инвертер клима уреди и ваучери за туризам и сега се во дискусија од кој буџет да се платат, со оглед на тоа што од ова министерство беа одвоени секторот за енергетика и туризам. 

Овие доцнења предизвикаа нервоза кај 20 илјади граѓани кои аплицирале, а клими требаше да добијат само 8.000 од нив. Министерот за економија Бесар Дурмиши рекол дека треба да се преиспита постапката.

„Јавниот оглас беше од секторот за енергетика, кој беше во рамките на Министерството за економија, додека документите ги процесуираше и обработуваше секторот за туризам или други. Се соочивме со такви пропусти што вообичаено е потребно да се прегледаат сите документи за аплицирање и формата во која се процесуирани. Ќе видиме што ќе правиме понатаму со тие случаи, кои ги најдовме и видовме индикации за такви злоупотреби“, рече Дурмиши.

Сепак, сè уште не е познато кога ваучерите ќе бидат подигнати или дали ќе се откажат. 


Можеби ќе ве интересира

ЕУ ПЛАНИРА ДА ВОВЕДЕ ТАКСА ЗА МАЛИТЕ ПАКЕТИ НА ТЕМУ И ШЕИН - повеќе нема да бидат ослободени од царина

ЕУ ПЛАНИРА ДА ВОВЕДЕ ТАКСА ЗА МАЛИТЕ ПАКЕТИ НА ТЕМУ И ШЕИН - повеќе нема да бидат ослободени од царина

Фактор анализа ПОЛОГ 2024: Како бизнисмените од руралните општини им држат лекции на стопанствениците од Тетово и Гостивар!

Фактор анализа ПОЛОГ 2024: Како бизнисмените од руралните општини им држат лекции на стопанствениците од Тетово и Гостивар!

СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЖИВЕЕ ВО БЕДА: Кои се долгорочните последици од детската сиромаштија?

СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЖИВЕЕ ВО БЕДА: Кои се долгорочните последици од детската сиромаштија?

ТРАДИЦИИТЕ ТЕШКО ГИ НАПУШТАМЕ – жените остануваат дома, а мажите заработуваат за домот

ТРАДИЦИИТЕ ТЕШКО ГИ НАПУШТАМЕ – жените остануваат дома, а мажите заработуваат за домот

МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме

МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

РАБОТНО ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ СТУДЕНТИ, ПЕНЗИОНЕРИ, СТРАНЦИ: Eве под кои услови...

РАБОТНО ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ СТУДЕНТИ, ПЕНЗИОНЕРИ, СТРАНЦИ: Eве под кои услови...

ПРЕМИЕРОТ Е ОПТИМИСТ: Колкав раст на БДП очекува?

ПРЕМИЕРОТ Е ОПТИМИСТ: Колкав раст на БДП очекува?

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка