18 Јануари, 2025
0.0298

Орданоски: Пониски цени на СМС за 50 проценти од 1 ноември

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Пониски цени на СМС пораките за 50 проценти од 1 ноември годинава и намалување на големопродажните цени за терминација меѓу мобилните оператори, што треба да влијаат на намалување на износот на малопродажните цени, најавува директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски.

АЕК до петок ќе ја заврши анализата на основа на којашто ќе ја објави големопродажната цена за СМС пораките,  по што ќе се спроведе едномесечна јавна расправа и ќе се усвои новиот износ.

- Големопродажната цена моментно е 2 денара, а до петок ќе ја имаме новата цена  што ќе ја добиеме врз основа на нашиот модел. Потоа ќе следи едномесечна јавна расправа  во која со операторите ќе ги видиме нивните аргументи и контраргументи. На крајот на октомври ќе ја усвоиме цената затоа што според Законот за електронски комуникации важноста е од првиот календарски ден наредниот месец. Значи ако се заврши целата работа до крајот на октомври од 1 ноември ќе стартуваат и новите цени за СМС кои очекуваме да бидат и за 50 проценти пониски од сегашните. Горната рамка ни е 50  проценти намалување, а долната ќе видиме, изјави денеска Орданоски.

Македонија, укажа, е во првите четири држави во Европа којашто воведува регулатива на СМС пазарот, покрај  Данска, Франција и Полска.

Од 1 ноември ќе се применуваат и големопродажните цени за говор што ги усвои АЕК, во износ од 1,2 денари за терминација во мрежите на сите три мобилни оператори.

- Првпат ќе имаме симетрија во цените за терминација.  Цените ќе паднат  доста процентуално во однос на тие што се сега. Моментно за терминација Т-Мобиле кон мрежите на ОНЕ и ВИП плаќа по 4 денари, а ОНЕ и ВИП за терминација  во мрежата на Т-Мобиле плаќаат по 3 денари. Со новите цени од 1,2 денари ќе има  намалување на цените за три пати и очекуваме директен ефект со намалување  и на малопродажните цени затоа што де факто ќе им се намалат трошоците на мобилните опартори, наведе Орданоски.

Прв и најзначаен ефект од регулативната мерка, појасни, е малопродажните цени за граѓаните да се намалат кај сите три мобилни  оператори, но во блиска иднина и да се изедначат  цените во мрежата на сопствениот  оператор, но и во мрежата на другиот оператор.

- Така ќе може  со еднаква цена да се бираат корисници, пријатели, роднини... и во мрежата  на својот оператор и во мрежата на останатите два оператора и да не користат  по два или три телефони во секојдневната комуникација, туку да имаат  еден телефон со еднакви цени кон сите оператори, изјави Орданоски одговарајќи на новинарско прашање по презентација на студиската програма на Факултетот за електротехника и информациски технологии: „Регулатива во енергетика, електронски комуникации и сообраќај“ од вториот циклус магистерски студии.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ