19 Мај, 2024
0.0245

Оригинал или фалсификат? Еве како да препознавате што купувате

Објавено во: Стил 25 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Фалсификаторите на производи толку се имаат усовршено, што навистина е тешко да се препознае дали производот е „фуш" или оригинал.

За да не бидете измамени, ви даваме неколку трикови кои ќе ви покажат дали се работи за оригинал или фејк Најк патики. Дел од овие тактики можите да ги користите за други брендови.

1. Амбалажа

Фалсификатите на брендовите најчесто не доаѓаат во оригинална кутија. Често се спакувани само во пластична ќеса и без кутија. Од друга страна, кога имаат кутија, картонот е далеку понеквалитетен и помек од оној на оригиналната кутија.

2. Состав на етикета

Ако веќе поседувате оригинални патики, споредете ги со оние што планирате да ги купите и добро прочитајте го составот на етикетата.

3. Позицијата на врвките

Погледнете како се наместени врвките. Кај фалсификатите, главно се прескокнати некои од дупчињата за врвки.

4. Фабрички број

Сите оригинални Најк патики имаат свој единствен фабрички број (SKU number), кој е впишан на етикетата на внатрешноста на патиката и треба да се совпаѓа со оној на кутијата. Ако бројот таков број не постои или оној на патиката не се совпаѓа со оној на кутијата, се работи за фалсификат

5. Нереално добра цена

Кога цената е премногу добра за да е вистинита, обично и не е. Избегнувајте ги моделите чија цена е многу пониска од продажната – несомнено се работи за фалсификат.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“